Народниот театар Битола - По успешната премиера, „Госпоѓа Бовари“ повторно пред публиката - Канал 5

Народниот театар Битола - По успешната премиера, „Госпоѓа Бовари“ повторно пред публиката

На 4.јули, сабота, со почеток од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола, ќе биде изведена „Госпоѓа Бовари“, во режија на Дејан Пројковски, а во рамките на Битолското културно лето.

Народниот театар Битола - По успешната премиера, „Госпоѓа Бовари“ повторно пред публиката

Приказна за копнежите што не познаваат граници, за соништата што се судираат со реалноста и за цената на изборите што ги правиме. Ема Бовари нè води низ свет исполнет со страст, илузии и немир, во претстава што остава силен впечаток долго по последниот аплауз. На 4.јули, сабота, со почеток од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола, ќе биде изведена „Госпоѓа Бовари“, во режија на Дејан Пројковски, а во рамките на Битолското културно лето.

„Госпоѓа Бовари“ носи со себе некои вечни теми и прашања. Мислам дека „Госпоѓа Бовари“ е некаков женски „Хамлет“. Тоа е женскиот поединец кој се спротивставува на системот, на општествените и моралните рамки што ги создаваме и кои се дел од сите нејзини проблеми, додека системот се обидува да ја вовлече да биде дел од тие лажни вредности.

Самата претстава зборува за слободата на личниот избор“, истакнува режисерот за претставата.

Госпоѓа Бовари во претставата го минува својот пат, каде што е растегната меѓу телото и душата, меѓу телото и страстите што ја влечат надолу, на земјата, во калта, и од друга страна, душата што се обидува да гледа кон небото, да го бара Бог и повисоката смисла на постоењето. Ликот на Ема Бовари го игра актерката Маја Андоновска Илијевски, а покрај неа во актерската екипа се и: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ (Шарл), Огнен Дранговски (Родолф), Мартин Мирчевски (Лере), Сандра Грибовска Илиевска (Слугинка), Петар Мирчевски (Свештеник), Борче Ѓаковски (Исус Христос) и Ива Лазарова (Ќерката на Ема и Шарл). Авторскиот тим го сочинуваат: асистент на режија Андреј Цветановски, драматург Сашо Димовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Андреј Ѓоргиевски, кореограф Олга Панго, композитор Горан Трајкоски, видео дизајнер Сергеј Светозарев, светло мајстор Игор Мицевски, тон мајстор Александар Димовски, видео оператор Владимир Переловски, инспициент Оливер Петровски и суфлер Гордана Михајловска.

Една од варијантите на плакатот е изработка на Михајло Димитриевски – Мичо. Има уште еден плакат, дело на Сергеј Светозарев, кој од септември, кога ќе се продолжи со настапи по фестивали ќе биде презентиран на прес-конференција.

Не пропуштајте ја репризата на најновата театарска продукција во режија на Дејан Пројковски, инспирирана од ремек-делото на Гистав Флобер.

Претставата е наменета за лица над 16 години!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УСЈЕ пред нова еколошка дозвола

Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ.

УСЈЕ пред нова еколошка дозвола

Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период.

Распрвата ја следи колегата Игор Манасиевски.

Игор за почеток кој се присуствува на расправата и која е целата на истата?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште се санираат последивите од завчерашното невреме во скопско

Страниците што требаше да се прелистуваат и прочитаат, се натопени залепени една за друга.

Се уште се санираат последивите од завчерашното невреме во скопско

Страниците што требаше да се прелистуваат и прочитаат, се натопени залепени една за друга, стотици книги наместо да бидат на полиците во магацинот на книжевниот центар „Антолог“ – едно од најзначајните имиња на издаваштвото во земјава, пловат во водата која ја донесе невремето.

Успеавме да стигнеме за 20тина минути откако не алармираа соседите, но со две „голи раце“ не можеше многу да се направи – вели сопственикто Жарко Кујунџиски, а службите кои ги повикале веднаш, не дошле.

-Затекнавме стравична слика. Овде се насобрало огромно количество вода, инвентарот плута, вратите беа разнесени внатре, големи количини на книги, палети поставени само што истоварени, плутаат издигнати на површината,- -Жарко Кујунџиски – Сопственик на книжевен центар – Антолог.

Невремето не уништи само хартија и опрема, туку 27 годишен труд, преводи, приказни и дел од скопското и македонско културно богатство, па додека штетите се сумираат, останува најтешкото прашање, дали издавачката куќа „Антолог“ ќе успее да ја испише следната страница.

-Неколку стотици илјади евра се во прашање, но и една човечка енергија, сила и жар – работа која што стои зад сето ова. Се напивме апче за смирување, за да можеме да дојдеме на себе, видовме како една кариера на нашите предци кои го основале антолог и мојата која е 15-20 години во Антолог и на целата екипа буквално паднала и се потопила во вода,- -Жарко Кујунџиски – Сопственик на книжевен центар – Антолог.

Канал 5 во меѓувреме стапи во контакт со градоначалниците на најпогодените општини, кои апелираат до граѓаните да пријават доколку имаат штети, бидејќи досега нема ниту една пријава, за да можат да се оформат комисии кои би направиле проценка и истата би ја проследиле до Влада.

На удар на невремето најмногу се најдоа Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Чаир и Бутел, каде поголем дел од сообраќајниците беа претворени во реки, а подвозниците во базени. Општините, и Град Скопје се уште ги држат на готовс кризните штабови поради можноста да се повтори состојбата, согласно најавите изминативе денови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со ултиматум до маркетите: Нема да толерираме вештачки надуени маржи

Дел од трговците неоправдано ги зголемиле бруто профитните маржи од 2 до 5% споредбено со минатата година, покажале првичните анализи од контролите низ маркетите кои ги прави Државниот пазарен инспекторат. 

Мицкоски со ултиматум до маркетите: Нема да толерираме вештачки надуени маржи

Ваквата информација ја сподели премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека претставниците на овие маркети ќе бидат повикани на разговор во Владата, оценувајки дека ваквото зголемување е недозоливо. Паралелно, посочи дека поради обемноста на материјалите се уште траат анализите на околу 700 основни прехрамбени производи, кои дополнително ќе покажат колку нивото на цените пораснало споредбено со минатата година и што доведува до нивно зголемување..

-Да бидам конкретен со пример ако минатата година во јуни месец бруто-маржата била 10%, сега е 12 или 15. Тоа се тие дополнителни 2 до 5% и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5% тогаш ние практично би биле земја со најниска инфлација во Европа во овој момент.. И исто така ја дефинираме онаа група од 600,700 производи каде што правиме анализа. Таму ќе ни треба повеќе време бидејки се влезни, излезни фактури, маржа која ја имаат дистрибутерите и производителите, виз а ви маржа бруто која ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично ја работам така што можеби ќе ни треба малку повеќе време,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада .

Во меѓувреме граѓаните кои ги анкетиравме велат дека цените низ маркетите постојано се менуваат..Додека кај дел од основните прехрамбени производи има одредени намалувања, дел како што посочуваат, остануваат прескапи за нивниот стандард. Граѓаните сметаат дека Владата треба да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард, особено за најранливите категории граѓани.

Инаку, премиерот Мицкоски кажа и дека очекува следната недела да бидат објавени параметрите за инфлацијата во месец јуни, која очекува да биде пониска отколку во април и мај. Во април, инфлацијата изнесуваше 5,7%, додека во мај се намали на 4,8%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер