Народната банка со мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан - Канал 5

Народната банка со мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

Преку мерки донесени од Народната банка од 1 декември годинава се олеснува кредитирањето при купување на прв дом – стан или куќа. 

Народната банка со мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

Минималното сопствено учество за сите оние кои го немаат решено станбеното прашање, од сегашните 15 се намалува на 10 %, додека за оние кои веќе имаат недвижен имот, и сакаат да купат втор или трет стан учеството наместо досегашните 15 ќе биде најмалку 25%. Освен ова, гувернерот Славески оечкува банките да понудат и различни камати – пониски за прв стан или куќа, повисоки за останатите..

„Овие промени истовремено се реакција и надвоцифрените стапки на кредитен раст, вклучитлно и на станбените креидти, што во одредена мера го обајснува и брзиот и силен раст на цените на пазарот на недвижен имот. Очекувам дека нашите банки во согласност со практиката присутна во голем број земји во светот, на кредитобарателите кои што за првпат купуваат стан како примано живеалиште, ќе им понудат пониски каматни стапки на кредитите во висина од 0,5 до 0,75 процентни поени што би придонело заштеди во илјадници евра.“- Трјако Славески – Гуверенер на НБРМ

За користење на овие поволности од НБРМ велат ќе има строги критериуми, односно лицата ќе мора да живеат во станот или куќата за кој е земен кредитот, не смеат да имаат друг станбен кредит, со документ од катастар да потврдат дека немаат друга недвиност во нивна сопственост. Ако има обид за измама Славески вели дека ќе се одговора кривично, а банката веднаш ќе ги промени условите.

„Што може да се случи сте добиле со само 10 проценти учество кредит и се утврди дека не го купувате објектот под условите кои што се пропијавени за живеење банката веднаш ќе ви побара да влезете во другата категорија и ќе треба вендаш да доплатите уште 15 % од вредноста на станот.“- Трјако Славески – Гуверенер на НБРМ

Со ваквите мерки, гувернерот на Народната банка, Славески очекува во следнито период цените на недвижностите да се стабилизираат. Инаку цените на становите во земјава за една година скоокнаа за 22 %, дел од познавачите велат побарувачката е голема и ја надминува понудата проади што и расте цената, а речиси секој трет стан во земјава стои празен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!

Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. 

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!

Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија.

Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.

Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност:

1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ!

Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив.

2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО!

ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности.

3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА!

Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата.

4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ!

Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси.

5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството.

6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ!

За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти.

ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ?

Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност.

Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси.

Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики.

Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Премиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. 

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии.

Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот.

Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска.

Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост?

Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете.

Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва?

„Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ.

Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“.

Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата.

Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери.

Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација.

Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер