39 годишен скопјанец со своето семејство околу 3ч по полноќ излетале од од автопатот Кочани-Штип со возило Рено Лагуна кое го управувала сопругата. Таа и двете малолетни деца биле хоспитализирани со повреди. Ова се случи само два дена откако на патот Радовиш – Штип во несреќа загинаа уште две лица на 27 и 49 годишна возраст.
Периодот од април до август е најризичен, а тоа го потврдуваат статистиките со години наназад велат универзитетските професори за безбедност во сообраќајот, па очекувањата се дека така ќе биде и годинава, со висок ризик за трагични последици...
Во овој период од годината сообраќајот станува се поинтезнивен, а со тоа се интензивираат и сообраќајните незгоди, за жал и смртните последици од истите..
Елементите на пат, патната околина, непочитување на сообраќајни знаци, возење брзо и под дејство на алкохол, несоодветна сигнализација се само дел од ризик факторите. Професорот Зоран Јошевски смета дека ние како држава немаме системски пристап кон безбедноста во сообраќајот и дека не знаеме што се случува во истиот. Според него, репресивните мерки се во ред, но недостасуваат превентивните, како и системските промени.
-Ние сите чекаме да заврши годината, аха, ни се случија 130 загинати во сообраќајни незгоди, толку сообраќајни незгоди и врз основа на тоа влечеме статистики, аха, подобри сме за три проценти, за пет проценти, но оној кој изгубил близок свој во незгода, воопшто не му значи дали безбедноста се влошила или подобрила за 2 или 3 проценти. Ние треба да ги пресретнеме сообраќајните незгоди, врз основа на одредена, констатирана фактичка ситуација да видиме што ни се случува и кои ни се аномалиите дури и на локално ниво, доле да се спуштиме, секоја од општините има свои карактеристики, различни проблеми има, на пр. имаме општини каде што алкохолот ни е стварно проблем, а имаме општини каде брзината ни е поголем проблем и тука треба да се реагира превентивно.
Допрва доаѓаат и матурските прослави, па многу од допрва полнолетните, а и оние кои се уште се малолетни и без возачки ќе седнат позади воланот, од МВР апелираат до родителите на совесност.
-Прво станува збор за неискусни возачи, а исто така знаеме дека на тие прослави се консумира алкохол и се разбира кога се консумира алкохол не смее да се управува возило. За жал имаме многу санкции за возачи кои управуваат возило без положен возачки испит, најчесто малолетници кои добиваат автомобил од своите родители. Правејќи му ќејф на своето дете можете да го однесето во трагични последици,- - Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.
Во меѓувреме со потоплото време на улиците се враќаат и мотоциклите, велосипедите и тротинетите кои дополнително го прават сообраќајот предизвикувачки, па од МВР апелираат на севкупна претпазливост. А, веќе денеска, во Охрид беше прегазен велосипедист кој е со тешки повреден пренесен во болница...