Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
1Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
2Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаНародна банка: Девизните резерви на историски максимумНародна банка: Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамки на очекувањата.Оценката на Советот на Народната банка е дека макроекономската состојба во земјава е во согласност со октомвриските проекции со годишен раст на БДП од три проценти во третиот квартал од минатата година и показатели за продолжен раст во четвртиот квартал. Просечната годишна стапка на инфлација изнесувала 3,5 проценти и е целосно во согласност со последните проекции на централната банка. - Сепак, неизвесноста во однос на идната динамика на инфлацијата и натаму постои, а е поврзана со цените на примарните производи поради геополитичките и климатските фактори, како и поради одредени фактори од домашен карактер коишто можат да влијаат на агрегатната побарувачка, велат од Советот на Народната банка. Во декември, вкупните депозити и кредити пораснале над очекувањата, со годишен раст од 11,4 проценти и 11,2 проценти, а анкетните податоци укажуваат на олеснување на кредитните услови и зголемена побарувачка на кредити. Ддевизните резерви на крајот на 2024 година достигнале историски максимум од 5.029 милиони евра, со повеќе од 60 проценти вложени во хартии од вредност, главно државни обврзници од еврозоната. - Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а балансираниот приод во инвестирањето придонесе за остварување поволни финансиски резултати. велат од Народната банка. На седницата одржана вчера, Советот на Народната банка ги усвоил и финансиските извештаи на Народната банка и Годишната сметка за 2024 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија. - Според мислењето на независниот ревизор, финансиските извештаи ја прикажуваат објективно финансиската состојба на Народната банка, како и резултатите од работењето и паричните текови, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување. Во согласност со заложбите за обезбедување транспарентност во работењето, Финансиските извештаи на Народната банка се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“, како и на интернет-страницата на Народната банка, велат од централната банка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
Живот„Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока целГрадскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух.На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка. По повод 25 години СОС Детско село, годинешната трка под мотото „Трчаме со срце“ за првпат ги обедини не само компаниите од ИТ-заедницата, туку и индивидуални тркачи. На патеката долга четири километри и во форма на срце трчаа 160 тимски тркачи од 21 ИТ компанија и 130 индивидуални учесници. Но, трката беше многу повеќе од трчање. Од раните утрински часови, Градскиот парк беше исполнет со позитивна енергија, поддршка и насмевки. Тркачите се бодреа едни со други, семејствата и пријателите навиваа, а целата атмосфера потсетуваше дека кога се обединуваме околу добра цел, резултатот е многу поголем од кој било пласман. Посебно место на настанот имаше Детското катче, кое беше исполнето со најмладите посетители. Тие цртаа, твореа и оставаа свои пораки и на тој начин дадоа свој белег на оваа хумана приказна. Големо внимание привлече и донаторското катче „Мече на грижа“, каде што посетителите донираа и добиваа брендирано СОС меченце. Ова катче стана едно од најпосетените места на настанот и уште еден убав пример дека понекогаш и едно мало добро дело може да носи голема порака. Сите кои беа дел од трката имаа своја причина да трчаат, но заедничко им беше тоа што дојдоа со срце. Некои трчаа со своите тимови, некои со своите семејства и пријатели, а сите за една повисока цел – ниту едно дете да не расте само. „Кога ја замислувавме оваа трка во годината во која одбележуваме 25 години, сакавме околу една иста цел да сплотиме што повеќе луѓе. Благодарение на ИТ-компаниите кои повторно застанаа зад нас и на сите индивидуални учесници кои годинава ни се приклучија, на стартот видовме голем број хумани луѓе кои покажаа дека грижата за децата не е само наша мисија, туку нешто околу кое можеме да се обединиме како заедница“, велат од СОС Детско село Македонија. СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity оваа година е дел од низата настани со кои се одбележуваат 25 години СОС Детско село - 25 години посветени на создавање сигурна и поддржувачка средина за децата и младите и на зајакнување на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Преку своите програми, СОС Детско село Македонија досега има поддржано повеќе од 6.090 деца, млади, згрижувачи и семејства. За некого таа поддршка значела сигурна грижа кога не можел да расте со своите родители, за друго семејство - помош да остане заедно, а за млад човек – поддршка на патот кон самостоен живот. И токму затоа, на 19 септември не се трчаше само по патеката во Градскиот парк. Се трчаше за секое дете да има некого покрај себе. Се трчаше за грижа, сигурност и можност за подобра иднина. Се трчаше со срце!Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаТри значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во МалтаГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја пречека шампионката Јулијана Петровска, која од Европското првенство на Специјалната олимпијада во Малта се врати со три медали и со уште еден голем спортски успех за Македонија.Јулијана освои сребрен и два бронзени медали, меѓу кои и историскиот бронзен медал во штафетата 4×50 метри. -Нејзиниот успех е резултат на огромниот труд, посветеност, истрајност и љубов кон спортот, но и доказ дека кога постојат волја и силен дух, границите не постојат - рече Стојкоски на средбата со Петровска. Општина Ѓорче Петров, додаде Стојкоски, е горда што меѓу своите жители има спортистка која со своите резултати го промовира Ѓорче Петров и Република Македонија и испраќа силна порака дека спортот е простор во кој сите можат да ги остварат своите соништа и потенцијали.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаПетрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништоНа Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална плата. И секако, Филипче како специјализиран за криминал заедно со неговиот учител, Зоран Заев, и партиски другар се противи на се што значи економски раст и економски напредок. Се противи на секаков вид инвестиција, на се што ќе придонесе за реално минималната плата да се зголеми. Но, што знае Филипче за реално покачување на минималната плата. Ништо. Филипче за време на владата на СДС и додека тој беше министер, знаеше само за спроведување на сомнителни тендери во здравството како оној за вакцините, потоа сомнителни проекти за клинички во Скопје, а сакаше и неколку области во здравството да ги приватизира. Дополнително, на негово конто се десеттина илјади починати во корона кризата, 14 пациенти кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово. Почитувани, Филипче по сето ова, многу е јасно дека не може реално да расудува, не може да носи реални одлуки. Затоа, на Филипче му останува само да глуми грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува за грижата за секој еден граѓанин преку помагање на локални проекти, носење на инвестиции, подобрување на економската ситуација. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook