Народен правобранител: Достоинствено домување, а не присилно иселување - Канал 5

Народен правобранител: Достоинствено домување, а не присилно иселување

-Остро ја осудуваме изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување за „агресивна реакција и иселување по кратка постапка на ромските семејства од Вардариште.

Народен правобранител: Достоинствено домување, а не присилно иселување

Народниот правобранител ја осуди изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, за иселување на ромските семејства од Вардариште по пожарите на таа локација, и побара да се најдат одржливи решенија со кои ќе се обезбедат и заштита на животната средина и достоинствено домување.

- Остро ја осудуваме изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување за „агресивна реакција и иселување по кратка постапка на ромските семејства од Вардариште.Ваквите изјави, ја поттикнуваат стигматизацијата и дискриминацијата врз ромската заедница и се во спротивност со принципите на недискриминација и еднаквост гарантирани со Уставот на Република Македонија, Стратегијата за Инклузија на Роми 2023–2030 и меѓународните документи кои го гарантираат правото на достоинствено домување и недискриминација. Според Народниот правобранител, изјави кои повикуваат на присилно раселување на цели заедници, особено врз етничка основа, не само што се опасни и дискриминаторски, туку и ја поткопуваат довербата кон институциите. Наместо закани и принудни мерки, потребен е дијалог, системски пристап и соработка со локалната самоуправа, граѓанските организации и самите жители, за да се најдат одржливи решенија со кои ќе се обезбедат и заштита на животната средина и достоинствено домување, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

Укажуваат дека Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, јасно ја дефинира областа Домување како една од клучните приоритетни области, со цел подобрување на условите за живеење, легализација на постојните живеалишта, интегрирано урбанистичко планирање и обезбедување пристап до основна инфраструктура. Стратегијата, стои во соопштението, јасно нагласува дека решавањето на прашањето со домувањето мора да биде во согласност со човековите права и достоинството на секој поединец, без присила и без раселување „по кратка постапка“.

- Народниот правобранител укажува да се има предвид Европската конвенција за човекови права, која го гарантира правото на почитување на домот и семејниот живот; Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, кој го препознава правото на секое лице на соодветно домување и забранува произволни или присилни иселувања, како и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, која бара државите да обезбедат еднаков третман и да се воздржат од мерки кои би довеле до асимилација или сегрегација. Исто така, и Препораките на Европската комисија и Советот на Европа за интеграција на Ромите повикуваат на одржливи решенија за домување, во духот на инклузија и еднаквост. Ги повикуваме институциите и јавните личности да се воздржат од изјави кои поттикнуваат дискриминација и да работат во согласност со националните стратегии, меѓународните стандарди и принципите на човековите права, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер