МакедонијаНаредните денови ќе се одлучува за новите имиња во ресорите на Алијанса на ТаравариКој ќе седне во испразнетите функционерски столчиња по излегувањето на Алијанса на Таравари од Владата ќе одлучува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски. Извршниот комитет на партијата го овластил да номинира нови кадри, но кои имиња ќе ги предложи, и дали ресорите здравство и министерството за добро владеење ќе останат во рацете на Вреди или ќе има рокади на министерските позиции помеѓу партиите од владеачката коалиција, најави дека ќе биде познато идната недела. „Добив практично дозвола да номинирам нови имиња коишто ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и ДУИ. Во наредниот период ќе бидат појасни многу работи. Да бидеме трпеливи и да разговараме, а во тие разговори сигурен сум дека ќе постигнеме договор. Така што очекувам веќе во текот на следната недела да има повеќе на оваа тема“ – Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Од Вреди се на став дека испразнетите министерски места од Алијанса во власта им припаѓаат ним, но подготвени се за евентуални рокади и прераспрелба на ресорите, доколку се постигне нов политички договор со ВМРО-ДПМНЕ. „Комбинациите кои се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на Влдата се прават со политики договор, но и согалсно со капацитетите на кадрите кои ги имаат партиите кои се дел од владината коалиција. Министерсвото за здравство беше побарано од нас поради тоа што член на содегашната колиција беше Арбен Таравари и тој го побара како ресор. А сега с неговото заминување ние како Влен сме спремни да разговараме и за такви комбинации, но засега нема преговари во Владата за рокади и во моментот се додека нема нова ситуација, сите позиции остануваат во Влен“ – Билал Касами, ВРЕДИ. Неизвесно останува и дали сите сегашни функцинери на Алијанса ќе го следат Таравари во опозиција или ќе останат во власта како дел од Вреди. Вицпремеирот за добро валдеење Арбен Фетаи веќе имаше изјави различни од тие на Травари, но се уште не открива како ќе постапи. Освен Фетаи, на состанокот во Тетово на кој се носеше одлуката за напуштање на владата, не присуствуваше и пратеникот Сулејмани, но пратеникот Халил Снопче е уверен дека сите пет пратеници од Алиајанса ќе делуваат едногалсно во Парламентот.. Тагови: Арбен Таравари Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“ Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта. Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл. Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор. Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници. Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија. Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми. Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ? СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име. Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена. Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме. ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата. Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка - тендер. Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно. Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фуЖителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС. На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија. Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација. Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти. Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума. Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“. Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми. Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
КултураВечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари. Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво. Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“ Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook