Наречение на архимандритот Георгиј на Плаошник, утре негово хиротонисување за митрополит на Дебарско-кичевската епархија - Канал 5

Наречение на архимандритот Георгиј на Плаошник, утре негово хиротонисување за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Дебарско-кичевската епархија ќе го добие новиот владика. Во храмот на светиот велкомаченик Пантелејмон на Плаошник во Охрид попладнево беше извршено Наречение на архијерејот Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј. 

Наречение на архимандритот Георгиј на Плаошник, утре негово хиротонисување за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

На свечената церемонија во присуство на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и владиците од Синодот и бројно свештенство беше прочитана одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архипескопија за изборот на архимандритот г. Георги за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Согласно протоколарната церемонија, архимандритот Георгиј се заблагодари и ја прифати одлуката на Синодот.

Владиката Георгиј ќе биде хиротонисан и устоличен за митрополит на Дебарско-кичевската епархија утре, со Божествена литургија што ќе се служи во Катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ .

Новиот епископ доаѓа на местото на митрополитот Тимотеј кој се упокои на 25 ноември минатата година по кусо боледување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер