Направила 40 операции и потрошила 500.000 евра за да личи на Кардашијан, сега се кае (ВИДЕО) - Канал 5

Направила 40 операции и потрошила 500.000 евра за да личи на Кардашијан, сега се кае (ВИДЕО)

Манекенката и инфлуенсерка Џенифер Памлона откри дека вложила богатство во својот изглед.

Направила 40 операции и потрошила 500.000 евра за да личи на Кардашијан, сега се кае (ВИДЕО)

Имено, таа ја споменала цифрата од 500.000 евра на естетска хирургија за повеќе да личи на нејзиниот идол - Ким Кардашијан, но сега се кае и вели дека тоа ѝ била најголемата грешка во животот.

Без разлика дали сакаме да признаеме или не, Ким Кардашијан е пример за милиони девојки ширум светот. Свесно или несвесно има големо влијание врз нив, поставува модни трендови кои понекогаш се бизарни и факт е дека многу девојки сакаат да личат на неа.

Така, има неколку кои биле спремни да направат разни естетски операции, иако можеби немаат одговор што ќе прават сега кога Ким драстично ослабе и се промени. Меѓу нив е и 29-годишната Џенифер Памлона од Бразил, која потрошила 500.000 евра на операции!

- Тоа беше огромна грешка која ме чинеше цело богатство - е реченицата со која Џенифер ја започнува својата исповед.

Џенифер почнала со пластични операции кога имала 17 години. Прво ги зголемила градите, што подоцна ја довело до зависност. Правела кампањи за различни светски брендови, особено за „Версаче“ и како што вели, многу ѝ помогнало тоа што личи на Ким Кардашијан.

- Никогаш немав намера да изгледам како Кардашијан, не сакав, но кога луѓето ме споредуваа толку многу, ја искористив приликата и направив така. Нејзиниот изглед ми донесе слава и пари. Поминав низ толку различни операции за да личам на неа - рекла Џенифер која брзо се покајала.

Таа објасни дека во еден момент споредбата со Ким навистина ѝ пречела. Сакала да биде „своја личност“, поради што решила повторно да се подложи на операции. Тоа бил моментот кога решила да отстрани сѐ што оперирала и за тоа издвоила 18.000 евра! По некое време, Џенифер развила врска „љубов до омраза“ со нејзиниот изглед.

- Ќе се погледнев во огледало и луѓето ќе ме викаа Кардашијан, тоа почна да ме нервира. Работев, учев и станав бизнисменка, а никој не забележа. Имам постигнато толку многу во мојот живот, но моите достигнувања беа засенети од мојот изглед. Не сакам да бидам туѓа сенка, сакам да бидам своја – рече таа.

Во обид повеќе да не личи на Ким, Џенифер направила операција на лицето и вратот, го отстранила масното ткиво, ги средила усните, носот и се оперирала за да добие „мачкино око“.

- Од сите операции што ги имав, една беше најтешка. Влегов во операциона сала како еден човек, а излегов како друг. Првиот пат кога се видов, си помислив: „Леле, дали сум ова навистина јас?“. „Морав да се соочам со моето ново јас, бидејќи тоа беше она што го барав“, рече Џенифер, истакнувајќи дека левото око и се затворило и дека се плашела дека ќе ослепи.

- Најлошото го претрпев. Левото око не ми се отвораше по операцијата за мачкино око и бев во паника, мислев дека ослепувам. Мојата операција стана ноќна мора, лекарите погодиле во нерв. Не можев ни да го мрднам лицето. Знаев дека е огромна процедура, но на социјалните мрежи беше претставена како нормална операција. Ми требаа седум години за да сфатам сѐ и да стекнам знаење за ризиците – рече таа.

Џенифер сега работи на документарен филм наречен „Зависност“, кој го истакнува вистинскиот проблем на пластичната хирургија и верува дека тоа ќе има големо влијание врз женскиот пол.

Како што вели, ова е големо предупредување за жените кои треба да бидат задоволни со својот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

Мнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. 

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари  за дилови во четири очи

Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови.

Во фокусот секако им се криминалните тендери.

Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи.

Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми.

Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми.

Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас.

Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи.

Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити.

Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании.

Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани.

Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот.

Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО.

Криминална власт, криминални закони!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни.

Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Фактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС.

Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски.

Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка.

Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании.

Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода.

Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура.

Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем.

СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи.

Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц.

Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер