Направена нова кавадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег - Канал 5

Направена нова кавадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег

За Борче Пинов, кој осум години беше државен правобранител, падот од дрво додека сечел гранка бил фатален. 

Направена нова кавадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег

Неговото семејство, кое не сака јавно да говори, реши да ги донира неговите органи и да спаси човечки животи.

Хуманост во најтешките моменти.

Додека срцето се уште чука, но констатирана е мозочна смрт, наместо да го исклучат од медицинските апарати, семејството на Борче Пинов, реши да спаси човечки животи донирајќи ги неговите органи.

Триесет и петгодишна пациентка што неколку години е на дијализа и 60 годишник се компатибилни на бубрезите на донорот, вели за Канал 5 Д-р Маја Мојсова.

Срцето на Борче, за жал, нема да продолжи да чука во градите на некој друг. Пациентите што чекаат на ваква операција, а имаат иста крвна група, не биле психички подготвени за зафатот.

Во време на корона направени се пет трансплантации од починат донор, четири на бубрези, а една на срце.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозени

Масивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море.

Нов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозени

Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база.

Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое русија не коментираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение против Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

Поднесено обвинение против Артан Груби

Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра.

Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото.

Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија  Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од домашен притвор, со гаранција од 500 илјади евра и мерки на претпазливост како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд Ѓорѓиоски депонирал банкарска

Со гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор

Дополнително и Обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата и укинување на притворот.

По ова Ѓорѓиоски ќе го очекува продолжувањето на судската постапка со определените мерки на претпазливост. Притворот е укинат и за уште две лица – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост.

Во истиот предмет е опфатен и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција во висина од 1.000.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер