ФудбалНаполи сака да го ангажира Де БрујнеВодечкиот тим во Серија А, Наполи, сака да го доведе во своите редови во летниот преоден рок 33-годишниот белгиски репрезентативец Кевин де Брујне.Водечкиот тим во Серија А, Наполи, сака да го доведе во своите редови во летниот преоден рок 33-годишниот белгиски репрезентативец Кевин де Брујне, чиј договор со Манчестер Сити, по десетгодишен престој во англискиот клуб, истекува на 30 јуни, објавија денеска италијанските медиуми. Де Брујне веќе објави дека го напушта Сити и би можел да се приклучи на италијанскиот клуб како слободен агент, без обесштетување. Астон Вила и МЛС лигашот Чикаго, исто така, го сакаат белгискиот репрезентативец. Де Брујне има богати понуди и од Саудиска Арабија, но белгискиот фудбалер од средниот ред сака да остане во Европа, пишуваат италијанските медиуми, додавајќи дека претставници на Наполи веќе воспоставиле контакт со Белгиецот. Де Брујне е во Манчестер Сити од август 2015 година и има освоено 16 трофеи со англискиот клуб, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампиони во 2023 година. Во дресот на Сити, Де Брујне постигна 106 голови во сите натпреварувања и има 117 асистенции во Премиер лигата. Во историјата на Премиер лигата, само Рајан Гигс со 162 асистенции е пред Де Брујне во оваа статистичка категприја. Тагови: Манчестер сити Наполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter