СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СветНапната расправија меѓу Рубио и Калас: Доколку вие мислите дека можете подобро, ние се повлекуваме На состанокот на министрите од Г7, според три извори кои присуствувале на состанокот, дошло до напнат судир меѓу шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, и американскиот државен секретар Марко Рубио, пренесува Аксиос.Калас го прашала Рубио кога САД ќе почнат да дејствуваат посилно кон Русија, што предизвикало остар одговор од американскиот функционер, објави Аксиос. Според изворите, овој судир на мислења, кој се случил пред други министри за надворешни работи, ја покажува меѓусебната недоверба меѓу САД и многу европски сојузници околу војната во Украина. Според информациите од разговорите зад сцената, Калас, позната по својот тврд став кон Русија и поранешна премиерка на Естонија, ги критикувала САД дека не вршат доволен притисок врз Москва. Таа потсетила дека Рубио на истиот форум пред една година изјавил дека ако Русија се меша во американските напори за завршување на војната, САД ќе го изгубат трпението и ќе преземат дополнителни мерки против Кремљ. „Помина една година, а Русија не се помрднала“, му рекла Калас на Рубио, според изворите. „Кога ќе ви снема трпение?“ „Ако мислите дека можете подобро, се повлекуваме“ Според изворите, Рубио бил видливо иритиран. „Правиме сѐ што можеме за да ја завршиме војната. Ако мислите дека можете подобро, слободно. Ќе се повлечеме“, одговори тој, подигнувајќи го гласот. Објасни дека САД се обидуваат да разговараат со двете страни, но всушност ѝ помагаат на Украина само со оружје, разузнавање и друга поддршка. По тој жесток разговор, неколку европски министри се обидоа да интервенираат и да истакнат дека сè уште сакаат САД да продолжат со дипломатијата меѓу Русија и Украина. На крајот од состанокот, Рубио и Калас имаа краток приватен разговор за да ја смират ситуацијата. „Тоа беше искрен разговор за позициите. За тоа постои дипломатијата“, изјави за Аксиос функционер на Стејт департментот. Портпаролот на Калас одби да коментира. Рубио ги негира тензиите По состанокот, Рубио негираше пред новинарите дека имало каква било тензија или критика: „Овие состаноци често се за да се заблагодариме на Америка за улогата што ја игравме... и за улогата на медијатор во војната меѓу Русија и Украина. Никој таму не вика, не го крева гласот или не кажува ништо негативно“. Со месеци, европските лидери беа загрижени за напредокот на мировните преговори на САД меѓу Украина и Русија. Војната во Иран дополнително ги зголеми тензиите во Европа, особено откако Американците издадоа ослободувања за продажба на руска нафта, чија цена постојано расте. Минатиот викенд, висока украинска делегација го посети Мајами и се сретна со пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за да разговараат за мировниот процес. Украинските претставници изјавија дека во последно време не е постигнат значаен напредок и дека е очигледно дека американското внимание е целосно насочено кон Иран.Тагови: Каја Калас Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook