СветНапаѓачот со нож во возот во Кембридшир обвинет за 10 обиди за убиство Британските обвинители денеска подигнаа обвинение против 32-годишен маж за десет обиди за убиства по масовниот напад со нож во воз што се движеше кон Лондон во саботата.Полицијата претходно соопшти дека пет од 10-те жртви на нападот со нож биле отпуштени од болница, додека една жртва е во животно загрозувачка состојба. Жртвата била член на железничкиот персонал кој се обидел да го спречи нападот. Нападот се случил во саботата навечер на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос, а возот бил запрен во 18:25 часот по локално време на станицата Хантингдон. Ентони Вилијамс е обвинет и за обид за убиство и поседување оружје со сечило во врска со претходен инцидент во источен Лондон. Тој треба да се појави пред Крунскиот суд во Питерборо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски. Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter