ЕвропаНапаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам Ученикот што вчера во турската покраина Кахраманмараш уби девет лица, дејствувал сам и не е поврзан со милитантни терористички групи, соопштија турските власти.Четиринаесетгодишниот ученик вчера отвори оган во своето училиште, при тоа убивајќи ученици и еден наставник, а и осомничениот е, исто така, мртов. Таткото на осомничениот, пензиониран полицаец, е уапсен. Се претпоставува дека напаѓачот го користел оружјето на таткото. Приведена е и мајката. Според локалните медиуми, таткото една недела пред инцидентот го однел синот на стрелиште, бидејќи детето покажувало интерес за оружје. Инцидентот се случи еден ден откако ученик отвори оган во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени 16 лица, од кои 10 ученици. Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе бидат зголемени безбедносните мерки во училиштата ширум Турција.Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаКризна состојба и топлотен бран: Прогласена 30-дневна мерка низ целата држава поради пожариМакедонија навлегува во екстремен топлотен бран. Согласно прогнозите на УХМР и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, активирана е портокаловата фаза поради појава на топлотен бран. Владата прогласи кризната состојба на целата територија на Македонија која стапува на сила денеска поради зголемената опасност од пожари на отворен простор и шумски пожари. Одлуката важи 30 дена, почнувајќи од 1. август, и треба да овозможи побрза мобилизација на човечките, техничките и институционалните капацитети. „Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Владата. Македонија е зафатена од сериозен топлотен бран кој носи екстремни температури уште од почетокот на август 2026 година. Tемпературите во Македонија во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени, а топлото време ќе се задржи до петок. Пикот на топлотниот бран се очекува во среда и четврток но метеолозите укажуваат дека нема опасност од нестабилност и невреме бидејки иако има зголемена енергија сепак воздухот е доста сув што оди во прилог кон летна горештина без невреме. Поради високите температури, здравствените вчасти препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот , да внесуваат доволно течности и да преземат мерки за заштита од топлината, да се избегнуваат тешки физички активности, да се престојува во килматизирани простории да носат светла и лесна облека, заштитни очила и капи. Ова се и укажувањата и од докторите од брзата помош кои се најмногу на удар во ваквите топлотни бранови кои предизвикауваат и доста колабирања особено кај повозрасните и хронично болните. Агенцијата за храна и ветеринарство исто така излезе со предупредувања за зголемен ризик од труење со храна поради високите температури, препорачувајќи внимателност при набавката, транспортот и чувањето на лесно расипливите производи од животинско потекло. Инаку во рамки на кризната состојба која стапува на сила се активира постојано заседавање на главниот штаб при центарот за управување со кризи за превенција од пожари кој ќе може да го координира делување на полицијата, противпожарните служби и Армијата. Од граѓаните се бара максимална дисциплина бидејќи високите температури и исушената вегетација создаваат средина во која секоја искра може брзо да прерасне во катастрофален пожар, нешто што во седна грција во делови близу атина веќе зема драматични димензии со евакуриање на населени. Пожар е забележан и во соседна Бугарија на Пирин планина Тагови: топлотен бран УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањетоГостивар се уште нема три последователни лабараториски потврди дека водата е безбедна за пиење и приготвување на храна. Краен рок кога ова ќе се случи надлежните не даваат, а најавата дека деновиве низ чешмите ќе протече питка вода останува. Во меѓувреме трае процесот на хиперхлорирање и секојдневно се земаат и испитуваат нови примероци. Премиерот Мицкоски вели очекува што е можно поскоро Гостивар да има бактериолошки целосно исправна вода за пиење, како што посочи, можеби и за првпат во последните децении, а очекува и проширување во истргата за која вели е во тек и одговорноста е веќе лоцирана. „Очекувам да имаме и проширување во истрагата, одговороноста е лоцирана и се превземаат мерки веќе е обебедена техничка вода за користење сега во мометнот се случува процес на хиперхлорирање кој го вршат екперети од водовод скопје. Секој ден се земаат разни примероци се испитуваат и одиме кон ситуација кога можеби за прв пат во последниве децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе е бактериолошки исправна... “- Христијан Мицкоски – престедател на Влада. Состојбата во гостиварско и понатаму е тема на меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. И додека за владејачката ВМРО ДПМНЕ - скандалот со водата во Гостивар е како што велат, последница на децениска негрижа на локалната власт, која велат била предводена од СДСМ, ДУИ и Таравари, од опозициската СДСМ и денеска побараа итна политичка и кривична одговорност, јавно објавување на сите анализи, итна интервенција и како што посочија обезбедување чиста вода за сите засегнати населени места. „ На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење. Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода. 11.07.2022, вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал.“ - Валентин Манасиевки – портпарол на ВМРО ДПМНЕ. „Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека „техничката вода“ е безбедна. А Мицкоски и Клековски даваат спротивни изјави. Клековски вели до крај на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие а Мицкоски вели има нова бактерија. Ова е тотален институционален колапс. Резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.“ - Маја Серафимовска Борозан, СДСМ. Инаку вчера првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов рече дека резидуалната бкатерија се уште е присутна во градскиот водовод.. според последните информации од здравство состојабата во моментов е стабилна, но во текот на вчерашниот ден регистрирани биле вкупно 60 прегледи. Од министерството велат дека иако на дневно ниво има зголемување сепка вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули кога беа евидентирани речиси 650 прегледи. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
СветБројот на загинати мигранти во Шпанија расте! Најмалку 77 загинати при обид за преминување на границата. Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“. Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“. Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции кај другите земји-членки на ЕУ, вклучително и повици Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната за слободно движење. Санчез, кој пристигна во Сеута во петокот наутро, изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја гарантира безбедноста на жителите на градот. Тој за масовното преминување на границата ги обвини „мафиите за трговија со луѓе“, кои ја искористиле одлуката на Врховниот суд на Шпанија. Судот неодамна пресуди дека лицата пресретнати на море додека се обидувале да влезат во Сеута или во другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелиља, не можат автоматски да бидат вратени според посебни правила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter