Напаѓачот од Вашингтон обвинет за обид за убиство на Трамп - Канал 5

Напаѓачот од Вашингтон обвинет за обид за убиство на Трамп

Напаѓачот пукаше кој на гала-вечера со претседателот Трамп во Вашингтон е обвинет за обид за убиство. 

Напаѓачот од Вашингтон обвинет за обид за убиство на Трамп

Доколку биде осуден, 31-годишникот се соочува со доживотна казна затвор

Осомничениот за пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, Кол Томас Ален (31), се појави на суд во Вашингтон, каде што се соочи со три кривични обвиненија, вклучително и обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.

По истрелите на гала-вечера со Доналд Трамп во Вашингтон, осомничениот е обвинет за обид за убиство на американскиот претседател. Ова го соопшти вршителот на должноста министер за правда Тод Бланш во Вашингтон, откако осомничениот беше изведен пред судија. Според Бланш, дополнително се вклучени уште две обвиненија: користење огнено оружје при извршување насилно кривично дело, како и транспорт на огнено оружје преку граници на сојузни држави со цел извршување кривично дело.

Како што изјави Бланш, само за обидот за убиство на претседателот, на обвинетиот му се заканува доживотна затворска казна. Можно е во текот на истрагата да бидат додадени и други обвиненија.

Обвинетиот во саботата за време на гала-вечера со претставници на медиумите во престолнината, тешко вооружен упаднал низ безбедносен пункт на Тајната служба, пред да биде запрен од службениците. Еден безбедносен службеник бил погоден од најмалку еден куршум, но поради заштитниот елек не се здобил со потешки повреди.

Бланш на прес-конференцијата го потврди и идентитетот на осомничениот. Станува збор за Кол Томас Ален од Калифорнија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер