Напаѓачот од Дејтон бил полн со кокаин, антидепресиви и алкохол

Во обдукцијата на телото на убиецот од Дејтон, Конот Бетс кој уби 9 а рани повеќе од 20 луѓе, се пронајдени траги од кокаин, антидепресиви и алкохол.

Бетс (24) кај себе имал и луле за консумирање на дрога и кесичка кокаин.

Др. Кент Харшбаргер соопшти и дека сите смртоносни истрели во нападот во Дејтнон на 4. август биле испукани од оружјето на напаѓачот. Тој додава и дека две жртви покрај од истрелите на Конот Бетс биле погодени и од страна на полицијата, но тие погодоци не биле смртоносни.

Др. Харшбардер наведе и дека полицијата го погодила напаѓачот Бетс 24 пати, главно во горниот дел од телото и долните екстремитети.

Американскиот прекршочен суд денес одлучи да ја одбие кауцијата на Итан Колиј (пријател на Конот Бетс), кој ги купил панцирот и муницијата кои се користени во нападот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер