Напад во фабрика во Јапонија: Влетал со гас- маска и почнал да ги напаѓа луѓето со нож и да ги прска со спреј - Канал 5

Напад во фабрика во Јапонија: Влетал со гас- маска и почнал да ги напаѓа луѓето со нож и да ги прска со спреј

Повеќе од десетина лица се повредени во напад со нож во фабрика во Јокохама во централна Јапонија, за време на кој биле испрскани со непозната течност, изјави официјален претставник на службите за итни случаи.

Напад во фабрика во Јапонија: Влетал со гас- маска и почнал да ги напаѓа луѓето со нож и да ги прска со спреј

„Четиринаесет лица биле згрижени од службите за итни случаи“, изјави Томохару Сугијама, официјален претставник на противпожарната служба во градот Мишима, префектурата Шизуока во Јапонија.

Тој рече дека бил примен повик околу 16:30 часот по локално време од блиската фабрика за гуми во кој се вели дека „едно лице избодело пет или шест лица“ и дека била употребена „течност во форма на спреј“.

Јапонските медиуми, вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис НХК, објавија дека полицијата уапсила маж под сомнение за обид за убиство.

Дневниот весник Асахи, повикувајќи се на истражни извори, објави дека мажот бил во своите 30-ти години и имал врски со фабриката. Носел нешто што изгледало како гас-маска, соопштија Асахи и други медиуми.

Асахи, исто така, рече дека бил вооружен со она што го опишаа како нож за преживување. НХК соопшти дека мажот ѝ рекол на полицијата дека има 38 години.

Тежината на неговите повреди не беше веднаш позната, иако NHK соопшти дека сите жртви останале свесни.

Сугијама рече дека најмалку шест од 14-те повредени биле однесени во болница. Точната природа на нивните повреди исто така не е јасна.

Фабриката Мишима ја води компанијата за гуми „Јокохама“, чие работење, според нејзината корпоративна веб-страница, вклучува производство на гуми за камиони и автобуси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот викенд по крајот на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција

Првиот викенд по завршувањето на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција.

Првиот викенд по крајот на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција

Патници од Македонија, Србија и други земји надвор од ЕУ се соочуваат со долги чекања за кои дел од нив предупредуваат дека би можеле да се интензивираат со воведувањето на новиот систем за влез во Унијата.

На преминот Богородица утринава според некои информации се чекало по неколку часа за влез во Грција, додека на преминот Дојран колоните достигнувле должина од околу еден километар. Полесна, пак била состојбата на преминот Меџитлија кај Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри

Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри доколку се исполнети сите законски и технички услови.

Мицкоски: Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри

Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри доколку се исполнети сите законски и технички услови – вели премиерот Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија не смее да заостанува во како што кажа, глобалните технолошки процеси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се очекува електронско потпишување на примирје меѓу САД и Иран

Нуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма.

Денеска се очекува електронско потпишување на примирје меѓу САД и Иран

Додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на воените дејствија и отварање на Ормутскиот теснец ќе биде потпишан денеска – на неговиот 80ти роденден, Иранското министерство за надворешни работи ретерира за временскиот рок на потпишувањето, притоа не исклучувајќи ја можноста потпишувањето да биде во наредните денови. Нуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма.

-Во соодветно време, кога сè ќе се смири, ќе влеземе и ќе ја собереме нуклеарната прашина, закопана длабоко под моќните потонати гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разбиеме и уништиме, без разлика дали во Иран или во Соединетите Држави. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Иран и со целиот Блиски Исток, долго во иднина. Се надеваме дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено. Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!- Доналд Трамп, претседател на САД

Во меѓувреме, кон медијаторските напори на Пакистан се приклучија и катарски преговарачи во обид да го забрзаат финализирањето на Меморандумот чие потпишување според најавите ќе се одвива виртуелно, по што ќе започне 60 дневен период на преговори од втората фаза, што според аналитичарите ќе биде долга и макотрпна.

-Бидејќи дури и ако го парафирате овој договор, можеби во присуство на Г7, или можеби дигитално утре или следниот ден, она што сте го направиле е да си купите билет од двете страни за преговори, кои ќе бидат долги и мачни, во кои ќе бидат разгледани празнините околу основните прашања, што да се прави со 900 фунти високо збогатен ураниум, што да се прави во врска со конечното располагање со теснецот, што е со ублажувањето на поморската блокада, што е со замрзнатите средства, меѓусебните безбедносни гаранции, олеснувањето на санкциите и целото прашање за капацитетот на Иран да збогатува.- Арон Дејвид Милер, виш соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир

Според светските медиуми, нацрт-условите во Меморандумот укажуваат дека САД ќе почнат да ослободуваат милијарди долари замрзнати ирански средства и ќе се откажат од санкциите за извозот на нафта, во замена за отворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер