Напад со нож во градинка во Kина: Eдно лица убиено, 17 повредени, повеќето деца

Најмалку 18 лица се повредени денеска во напад со нож во јужна Кина.

Нападот се случи во градинка во кинескиот град Беили, а меѓу повредените има и мали деца. Локалните медиуми јавуваат дека едно лице починало.

Полицијата го уапси осомничениот, а според извештаите во локалните медиуми, тој упаднал во приватна градинка околу 14 часот, при што повредил 16 деца, од кои две се во тешка здравствена состојба.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како полицијата го апси напаѓачот, а медиумите јавуваат дека се објавени фотографии од крвави деца кои плачат на игралиштето во близина на градинката.

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата

Серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс досега имаше се што можевме да замислиме кога е во прашање кошарката, а сега ќе го гледаме седмиот натпревар во серија .

Серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс досега имаше се што можевме да замислиме кога е во прашање кошарката, а сега ќе го гледаме седмиот натпревар во серија бидејќи „волците“ го совладаа противникот со 115:70 и со тоа изборија „мајсторка“.

Нагетс во последната четвртина влегоа со -25, но Минесота повторно ја стегна одбраната и со серија од 24:0 отиде на +50!

До крајот на натпреварот шанса добија некои момци кои вообичаено немаат минутажа во плеј-офот и успеаја малку да го ублажат поразот.

Ова е најтешкиот пораз во историјата на франшизата од Колорадо кога е во прашање НБА плеј-офот.

Никола Јокиќ беше најефикасен со 22 поени и не доби вистинска поддршка од остатокот од тимот. Арон Гордон додаде 12 поени, а единствен со двоцифрен број поени беше Џамал ​​Мареј со 10.

Од другата страна, Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 27 поени, Џејден МекДаниелс додаде 21, Мајк Конли 13, додека Карл-Ентони Таунс и Наз Рид постигнаа по 10.

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински дронови

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала се уништени или пресретнати ноќеска во напади на југозапад на руската територија и на полуостровот Крим.

Министерството соопшти дека армијата неутрализирала 51 дрон над Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над регионот Белгород и еден над регионот Курск.

Во текот на ноќта, поморската противвоздушна одбрана и патролни бродови на Црноморската флота уништија шест поморски беспилотни летала во водите на Црното Море.

Руската армија редовно објавува дека одбила ноќни напади на украински беспилотни летала, но ретко се наведува толкава бројка, јавија западни медиуми.

Гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, претходно денеска објави дека мајка и четиригодишно дете загинале при напад со беспилотно летало врз селото Октјабарски.

Во САД марихуаната ќе биде класифицирана како помалку опасна дрога

Американската Влада одлучи да ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога, што значи дека луѓето кои користат или ја поседуваат веројатно нема да одат во затвор во иднина.

- Премногу животи се превртени наопаку од нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Министерството за правда го прави следниот чекор за прекласификација на марихуаната од категорија еден во категорија три според федералниот закон, напиша американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Икс.

Во САД наркотиците се класифицирани во пет различни категории. Досега марихуаната или канабисот беа во првата, а со тоа и најстрогата категорија, која вклучува хероин и ЛСД. Американската Влада сега побара марихуаната да биде вклучена во третата категорија. Како резултат на тоа, марихуаната ќе биде на исто ниво со стероиди или парацетамол.

Американските медиуми ја означија таа прекласификација како историска. Со прекласификацијата се признава медицинската употреба на канабисот, но целосна легализација низ државата за приватна употреба не е планирана. Марихуаната е веќе легална за рекреативни и медицински цели во повеќе од 20 американски држави, а само за медицински цели во повеќе од десетина други држави.

притисни ентер