Наоми Кемпел објави ретка снимка со ќерка си, заедно ја дочекале 2023. (ФОТО) - Канал 5

Наоми Кемпел објави ретка снимка со ќерка си, заедно ја дочекале 2023. (ФОТО)

Наоми Кампбел на почетокот на новата година објави серија фотографии од кои повеќето вклучуваат моменти со нејзината ќерка.

Наоми Кемпел објави ретка снимка со ќерка си, заедно ја дочекале 2023. (ФОТО)

„Среќна Нова Година. Драги мои, Господ да ве чува среќни и здрави вас и вашето семејство во текот на целата година“, напишала 52-годишната манекенка.

„Нека Божјото присуство никогаш не го напушти вашето срце. Во секое ново поглавје од вашиот живот, Господ нека ви ја даде својата благодат и сила во 2023 година“, се заклучува во објавата.

Таа откри и дека дочекот го прославила во бел тесен фустан со наметка. На прославата со неа била и нејзината ќерка.

Кембел не го покажува често своето дете. Таа на почетокот на годината позираше со малото девојче за британското издание на магазинот „Вог“. Таа по тој повод проговори за зачнувањето и мајчинството.

Откако пред две години манекенката објави дека станала мајка, многумина се изненадија. Претходно не навести дека чека бебе, ниту пак се знае дали била во врска. Се шпекулираше и дека ќерката на Наоми ја родила сурогат мајка, пишува The Sun. Но, познатата манекенка тоа никогаш не го потврди ниту го откри идентитетот на таткото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи - трговци и со производителите на пиперка од Струмичко.

Серафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперката

Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите на пиперка.

На средбата министерот Серафимовски потсети на обврската условите за откуп да бидат однапред познати, цените јавно истакнати, а класификацијата прецизна и доследна.

„Цената ја определуваат пазарните услови, но начинот на кој се одвива откупот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги сослуша аргументите на сите страни, да обезбеди почитување на правилата и да придонесе за откуп на пиперката што ќе го вреднува трудот на земјоделците и ќе овозможи непречен пласман“, истакна министерот Серафимовски.

На одделната средба со производителите на пиперка беа сослушани нивните забелешки и барања поврзани со почетните откупни цени, производствените трошоци и последиците од временските непогоди врз годинашната реколта.

Министерот Серафимовски истакна дека секој земјоделец, независно дали настапува индивидуално или преку здружение, има право неговите аргументи да бидат разгледани сериозно и одговорно.

„Зад секој предаден килограм стојат вложувања, труд и приход на едно земјоделско семејство. Затоа разговорот за откупот не смее да се сведе само на бројки, туку мора да ја опфати и одговорноста на секој учесник во синџирот. Секој земјоделец што се соочува со реален проблем е легитимен соговорник “, порача министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со секојдневните контроли на откупните пунктови. Се проверуваат условите за вршење откуп, јавното истакнување на цените, класификацијата на производите, исправноста на мерните инструменти и уредноста на документацијата. За секоја утврдена неправилност за која постои законска основа ќе бидат преземени соодветни мерки.

Во текот на наредната недела министерот Серафимовски ќе се сретне и со сопствениците на преработувачките капацитети, со кои ќе разговара за расположливите капацитети, планираните количини за откуп и можностите за пласман на годинашната реколта на пиперката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.

Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

[✔️] Побрз сообраќај

[✔️] Поголема безбедност

[✔️] Подобра поврзаност

Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер