Наоми Кембел потврди дека синот и ќерката ги добила со помош на сурогат мајка - Канал 5

Наоми Кембел потврди дека синот и ќерката ги добила со помош на сурогат мајка

Наоми Кембел во интервју за Тајмс потврди дека двете деца ги добила преку сурогат мајка.

Наоми Кембел потврди дека синот и ќерката ги добила со помош на сурогат мајка

Таа добила ќерка во мај 2021 година, а син во јуни минатата година. Но, 54-годишната манекенка се уште избегнува да ги споменува нивните имиња и родендени. "Моите деца се за мене, поради нив се надевам на подобар свет. Тие ми се најголем приоритет и морам секогаш да бидам тука за нив", изјавила Наоми.

Таа додаде дека е среќна што е самохрана мајка и откри дека многу млади жени ѝ кажале дека не сакаат да имаат деца бидејќи немаат доволно пари за да ги издржуваат. "Им реков дека ќе се предомислат и дека сакаат да бидат мајки. Разбирам дека е тешко, но мајка ми немаше ништо и успеа. Навистина вреди", рекла Наоми.

Манекенката досега не зборувала многу за мајчинството. Таа призна дека многу малку луѓе во нејзиниот круг на пријатели и членови на семејството знаеле дека таа планира да стане мајка. Многумина беа изненадени кога таа објави дека го родила своето прво дете.

"Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. Можам да избројам на прстите од едната рака колку луѓе го знаеја тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случи", изјави Кембел тогаш за Vogue.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер