Шоу бизНаодот за Метју Пери го шокира светот- имал во себе повеќе кетамин од лице под општа анесезија Сега кога е позната причината за смртта на актерот Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер во ситкомот „Пријатели“, јавноста може да престане да погодува.Извештајот од обдукцијата открива дека актерот починал од акутни ефекти на кетамин и давење. Интересно е тоа што Пери примил инфузија на кетамин како лек за депресија дури една и пол недела пред да умре, но лекарот Рафи Џабуријан изјавил дека кетаминот останува во телото три до четири часа и дека терапијата не може директно да доведе до негова смрт. Нивото на кетамин во периферната крв била 3540 ng/ml, а во централната крв 3271 ng/ml, додека кај пациент под општа анестезија во болница, нивото на кетамин во крвта е од 1000 до 6000 ng/ml. . „Веројатно се онесвестил и се удавил. Коронарната артериска болест е фактор што придонесува поради влошувањето на миокардните ефекти врз срцето предизвикано од кетамин. Се наведува дека ефектите на бупренорфинот придонесуваат, иако не се на токсични нивоа, поради адитивните респираторни ефекти кога е присутен со високи нивоа на кетамин“, објасни Џабуријан. Кога Пери бил прогласен за мртов на местото на настанот, тој немал алкохол, кокаин, хероин, метамфетамин или фентанил во неговиот систем. Патологот рече дека Пери имал историја на емфизем, дијабетес и употреба на дрога, но „наводно бил чист 19 месеци“. Кога иследниците пристигнале во домот на Пери, не нашле никакви нелегални лекови, но нашле лекови на рецепт кои биле соодветно етикетирани и складирани во ампули. Кетаминот може да се препише како медицински третман, но засега не е познато дали бил еден од препишаните лекови пронајдени во неговиот дом. Лекарот пронашол докази за неговата долгорочна злоупотреба на дрога и алкохол. Пери страдал од претцироза на црниот дроб и бубрезите предизвикани од долгорочен, лошо контролиран висок крвен притисок и долготрајна употреба на дрога. Аутопсијата на Пери, исто така, открила хронично оштетување на панкреасот, за кое исто така постои сомневање дека е предизвикано од опијати. Актерот цел живот се обидувал да се опорави од зависноста. Во своите мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ напишал дека потрошил 9 милиони долари обидувајќи се да се отрезни, дека одел на 6.000 состаноци, 15 пати на рехабилитација и 65 пати на детоксикација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook