Намирници кои се сметаат за здрави, а всушност се опасни по здравјето - Канал 5

Намирници кои се сметаат за здрави, а всушност се опасни по здравјето

Еве која храна лекарите советуваат да ја избегнувате!

Намирници кои се сметаат за здрави, а всушност се опасни по здравјето

Илјадници истражувања се посветени на поврзаноста помеѓу храната и здравјето.

Според стручните лица, работата е едноставна – над 80 % од хроничните болести и прераните смртни случаи може да се спречат со здрава исхрана и промена на одредени навики, пишува Huffpost.com.

Во последните децении многу се зборува за тоа која храна е здрава, која не е здрава, а мислењата се секогаш се поделени.

Сепак, експертите во повеќето случаи се согласуваат дека одредени пијалоци или намирници се штетни за здравјето иако се наведуваат како „здрави“.

Алкохол

– Новото истражување покажа дека дури и кога пиете алкохол во нормални количини, вклучително и црвено вино, тоа може да доведе до рак, висок крвен притисок и други здравствени проблеми. Ако пиете 25 грама алкохол дневно, ризикот од предвремено стареење и смрт значително се зголемува. На пример, едно пиво од 0,33 мл – тврди д-р Ејми Мајерс.

Овошни сокови

Иако свежите сокови се сметаат за многу здрави и децата ги пијат од мали нозе, ако не се свежо цедени, веројатно не се толку здрави.

- Причината за ова е фактот што соковите содржат дополнителен шеќер и имаат многу помалку растителни влакна од овошјето - вели д-р Нилда Абелера.

Диетални пијалаци

Тоа што овие пијалаци се без калории го „збунува“ организмот и доведува до метаболички нарушувања и прејадување.

- Вештачките засладувачи во овие пијалаци, како што се сахаринот и сукралозата, можат да го нарушат нивото на инсулин и да влијаат на варењето - смета Абелера.

Сушено месо

Иако чинија мезе звучи одлично, всушност тоа и не е толку добра идеја. Преработките на месо со забрзуваат процесот на стареење.

- Постојат силни докази кои го поврзуваат преработеното месо со различни форми на рак, срцеви заболувања и дијабетес - објаснува д-р Норма Барбоса-Ривера.

Енергетски плочки

Овие енергетски плочки често се рекламираат како здрава ужина, а всушност содржат големи количини шеќер и нездрави масти. На пример, некои се направени со палмино или кокосово масло, кои е богато со заситени масти, кои, пак, се поврзуваат со зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести, вели д-р Александар Голберг.

„Смути“

Едно е да си направите ваше „смути“ и да контролирате што додавате, а сосема друго нешто е да го набавите од маркет. Обично, ваквото смути содржи доста шеќер и вештачки засладувачи. Според д-р Абелера, купеното смути содржи помеѓу 43 и 100 грама шеќер!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите?

ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?

Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард?

Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер