Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
1Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
3Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
ЗдравјеНамирници богати со железо што ја подобруваат крвната слика и ја подигаат енергијата (фото)Железото е минерал кој врши неколку суштински функции во организмот, а неговата главна улога е да транспортира кислород низ телото како дел од црвените крвни зрнца. Оваа хранлива материја е од суштинско значење за целокупното здравје и се добива преку храна (или додатоци). Интересно е што количината на железо кое вашето тело ја апсорбира делумно зависи од тоа колку железо сте складирале во вашето тело. Околу 70 проценти од железото во телото се наоѓа во црвените крвни зрнца. Вашето тело го користи овој минерал за да создаде хемоглобин, протеин во црвените крвни зрнца што го пренесува кислородот од белите дробови до сите делови на телото, како и миоглобинот, протеин што ги снабдува мускулите со кислород. Кога внесот на железо е хронично низок, нивото на хемоглобин исто така се намалува, а недоволно железо во крвта може да доведе до анемија. Затоа е неопходно во исхраната да внесете што повеќе здрава храна богата со железо. Еве кои 7 здрави намирници имаат високо ниво на железо и можете да ги вклучите во вашиот дневен оброк уште денеска. Говедско месо и риба Говедското месо е добар извор на железо. Околу 170 грама говедско месо на скара содржи околу 3,2 мг железо. Во производите од животинско потекло железото се наоѓа во феро облик, односно форма која најдобро се апсорбира во организмот. Рибата е богата со протеини, а помалку масните видови можат да бидат добар извор на железо. Посебно се препорачуваат туната, сардината и скушата. Тофу и мешунки Доколку не јадете храна од животинско потекло, тофуто може да помогне во обезбедувањето на оптималната количина на железо. Покрај тофу сирењето, растителни извори на железо можат да бидат и мешунките (грашокот, гравот, леќата). Овошје со семки И сувото и свежото овошје е добар извор на витамини, „добри“ масти, а може да послужат и како извор на железо. Посебно се препорачува брусница, боровинки, сливи, урми. Свежото овошје може да содржи и железо. Едно парче лубеница може да содржи 0,7 мг железо. Пет смокви содржат околу 1 mg железо, а едно јаболко околу 0,5 mg железо. Спанаќ – супернамирница Кога станува збор за намирници богати со железо, спанаќот е на врвот на листата. Спанаќот дава многу здравствени придобивки, а содржи многу малку калории. Околу 100 грама сиров спанаќ содржи 2,7 mg хем железо. Спанаќот е богат и со витамин Ц. Ова е важно бидејќи витаминот Ц значително ја зголемува апсорпцијата на железо. Богат е со антиоксиданси, каротеноиди, кои можат да го намалат ризикот од рак, да го ублажат воспалението и да ги заштитат очите од болести. Јадењето спанаќ и друг лиснат зеленчук со масло помага подобро да се апсорбираат каротеноидите, затоа погрижете се да јадете здрави масти, како маслиново масло со спанаќ. Темна чоколада Темната чоколада, освен што е хранлива, е и вистински сладок деликатес! Околу 30 g темно чоколадо содржи 3,4 mg железо. Со оваа мала порција ќе внесете и бакар и магнезиум, а содржи и пробиотски влакна и ги хранат добрите бактерии во нашите црева. Една студија покажала дека какаото во прав и темното чоколадо имаат поголемо антиоксидантно дејство од сокот направен од боровинки. Истражувањата исто така покажале дека чоколадото благотворно делува на холестеролот и може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар.. Се верува дека флаванолите чија содржина во темната чоколада е висока, се одговорни за нејзините придобивки. Содржината на флаваноли во темното чоколадо е многу повисока од онаа на млечното чоколадо. Затоа, најдобро е да јадете чоколадо со најмалку 70% какао за да добиете максимална корист.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Рецепти„Гответе со Дракче“ - КрилцаВо четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешки крилца 150 гр. криспи брашно масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИФактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина. Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада. Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против КомоКога легендарниот Рио Фердинанд командуваше со одбраната на Манчестер Јунајтед, противничките напаѓачи тешко наоѓаа пат до голот на „Црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.Сепак, времињата кога славниот англиски клуб влеваше страв кај своите ривали се одамна минато, а најновиот пораз дополнително го продлабочи незадоволството. Вчера екипата на Комо – која до неодамна настапуваше во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал – му одржа лекција на големиот Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Керик. Ваквото издание го разбесни легендарниот Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, па тој не го поштеди ниту сегашниот состав на Јунајтед. „Поради појавувањето на Сеск Фабрегас на теренот, изгледавме како тим што добил на лотарија за да учествува во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме целосно безопасни во нападот. Во тимот немаше никаква енергија за трчање. Не бевме способни да извршиме притисок врз Комо. Без никаков план кога ја имавме топката во посед“, напиша Фердинанд на Твитер. Сепак, легендарниот дефанзивец не сакаше да ги омаловажи заслугите на италијанскиот тим и неговиот тренер, Сеск Фабрегас, кого го пофали за начинот на кој го изградил тимот и ги спровел своите фудбалски идеи. – Големи заслуги му припаѓаат на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а исто така се гледа и како ги вградил своите идеи во екипата. Секој си ја знае својата задача и сите се максимално фокусирани, како со топката, така и без неа. Тие им додаваат топки на соиграчите дури и кога се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба. Фердинанд не застана тука, туку продолжи со критики за состојбата во неговиот поранешен клуб. Тој е особено загрижен поради недостатокот на самодоверба, а како дополнителен проблем ги наведе и бројните повреди. – Но, тоа не ни е никакво оправдување. Вечерва бевме слаби и во моментов изгледаме како тим што нема апсолутно никаква самодоверба – потребно е многу работа за да се промени ова... А да не зборувам воопшто за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Инаку, Нико Паз е одличен фудбалер. Неговите зборови уште еднаш го покажаа степенот на незадоволство од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, додека Комо продолжува да го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи под водство на Фабрегас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter