Наместо низа дополнителни дози против Ковид-19,наскоро ќе има само една вакцина за цел живот - Канал 5

Наместо низа дополнителни дози против Ковид-19,наскоро ќе има само една вакцина за цел живот

Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. 

Наместо низа дополнителни дози против Ковид-19,наскоро ќе има само една вакцина за цел живот

Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист.

Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво.

Мичинори Кохара, почесен професор на Метрополитен институтот за медицински науки во Токио, почна да размислува на почетокот на 2020 година за вакцина која, како онаа за големи сипаници, ќе помогне да се искорени опасниот коронавирус. Кохара веќе три децении работи на темата вирус вакцинија (vaccinia virus), кој се користел во вакцината против сипаници, а кој бил развиен во 1796 година од британскиот лекар Едвард Џенер. Неговата вакцина успешно искоренила заразна болест, а последниот познат случај бил пациент од Сомалија во 1977 година.

Во април 2020 година, Кохара, во соработка со Националниот институт за заразни болести, почна да го развива рекомбинантниот вирус вакцинија, кој го содржи шилестиот протеин на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувачкиот агенс на Ковид-19. Неговиот тим избра непатоген вид на вакцина наречена DIs, кој делува како исклучително ефикасен и безбеден вирусен вектор.

Револуционерната вакцина на Кохара може да произведе моќни неутрализирачки антитела во рок од една недела по имунизацијата и да понуди долготрајна заштита. И ако две инјекции од вакцината се дадат со разлика од три недели, неутрализирачките антитела се зголемуваат за дури десет пати. Вакцината, исто така, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон. Друга предност е нејзината способност да се чува долго време на собна температура.

– Оваа вакцина може да предизвика антитела и да создаде доживотен имунитет. Една инјекција ја задржува својата ефикасност повеќе од 20 месеци, а не постои друга вакцина која може да постигне такви ефекти, изјави Мичинори Кохара.

Јапонскиот производител на лекови Nobelpharma Co. планира да ги спроведе првата и втората фаза од клиничките испитувања на вакцината на Кохарин до почетокот на 2023 година. Студијата ќе вклучи 150 до 200 волонтери, вклучувајќи ги и оние кои го прележале вирусот и оние кои биле целосно вакцинирани. Доколку се потврдат ефикасноста и безбедноста, завршната фаза од клиничкото испитување треба да започне веднаш потоа, а комерцијализацијата на вакцината е закажана најрано за 2024 година.

Кохара исто така тврди дека неговата вакцина предизвикува многу помалку несакани ефекти. Тоа го поткрепува и фактот што вирусите во вакцината против сипаници се користеле повеќе од два века и биле безбедни.

Пред искоренувањето на големите сипаници во 1980 година, вакцината се користеше до 1976 година, а ја примаа речиси сите луѓе родени пред 1976 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка.

Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот.

Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември.

„Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството.

На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер