ЗдравјеНаместо да изгледате помладо, шминката ви додава години: Грешки кои зрелите жени ги прават секојдневно при шминкањеСо овие лоши чекори, ги нагласувате брчките, сувата кожа, спуштените очни капаци и уморниот израз на лицето, а тоа секако не го сакате.Шминката би требало да биде сојузник во освежување на изгледот, особено кога станува збор за зрела кожа. Со правилен избор на нијансите и текстурата можно е да ги ублажите трагите од времето, да ја нагласите природната убавина и да постигнете ефект на подмладен изглед, но само ако шминката ја користите правилно. За жал, многу дами во желба да изгледаат подобро, прават кардинални грешки постигнувајќи сосема спротивен ефект. Наместо сјајно и негувано лице, шминката ги истакнува брчките, сувата кожа, спуштените капаци и уморниот изглед. Еве кои најчести грешки може да направат да изгледате и 10 г. постаро. Лоша рутина за нега на кожата Ни најскапата шминка не може да ја прикрие лошата нега. Сувата и дехидрирана кожа прави шминката да изгледа нерамномерно нанесено, се лупи и ги истакнува знаците на стареење. Правилната рутина подразбира миење, хидрирање и користење на крема со заштитен фактор која претставува основа за секоја добра шминка. Изоставање на подлогата/прајмерот Прајмерот не е луксуз туку клучен чекор за изедначен тен и долготраен ефект. Без него пудрата влегува во порите и фините брчки, нагласувајќи го сето она што сакате да го прикриете. Исто така, без добра подлога, шминката трае пократко и изгледа неуредно. Подлогата ја измазнува површината на кожата и создава совршена основа за останатата шминка. Погрешно нанесен коректор Наместо да ги прикрие подочниците, погрешно нанесениот коректор честопати ги нагласува уште повеќе. Ако нијансата е премногу светла или премногу темна, создава ефект на „маскирање“, кој изгледа неприродно и го прави лицето визуелно постаро. Коректорот треба лесно да се натапка, не треба да се размачкува и втрива. Секогаш избирајте кремасти и хидрирачки формули. Претемно моливче или ајлајнер Јаките црни и темнокафени линии околу очите може визуелно да го затворат погледот и да направат очите да изгледаат уморно. Кај зрелата кожа, тоа особено доаѓа до израз поради спуштените капаци. Наместо дебели тешки линии, подобар избор се меките нијанси во сива, кафена или темно виолетова боја кои нежно го дефинираат окото. Важно е добро да ги блендирате за да добиете помек изглед. Несоодветна боја на кармин Прејаките темни или ладни нијанси може да направат да изгледате строго, а усните да изгледаат потенко. Исто така, ако карминот има премногу мат текстура, ги истакнува линиите и сувоста на усните. Кај зрелите дами, повеќе одговараат кремасти текстури на кармин со топли и природни нијанси кои го освежуваат тенот. Не заборавајте го моливот за усни во природен тон, кој ги прави усните пополни. Занемарување на веѓите Веѓите имаат моќ да го подигнат лицето, но кога се претенки, неуредни или пресветли, лицето губи дефиниција и делува уморно. Правилно обликуваните веѓи ја враќаат структурата на лицето и го освежуваат погледот. Избегнувајте премногу остри линии. Неправилно користење на хајлајтерот Иако овој производ може да го осветли лицето, погрешно нанесен тој често ги нагласува порите, брчките и текстурата на кожата. Премногу сјај на места каде кожата не е затегната, на пример, јаболчниците, или челото, може да направи лицето да изгледа масно и неуредно. Изберете дискретен сјај и нанесете го внимателно, само на високите точки на лицето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter