Наместо да ѝ честита на Сабаленка, Костјук одржа политички говор во Бризбејн: Нема струја на минус 20 (ВИДЕО) - Канал 5

Наместо да ѝ честита на Сабаленка, Костјук одржа политички говор во Бризбејн: Нема струја на минус 20 (ВИДЕО)

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, уште еднаш покажа дека моментално е неспоредлива на ВТА листата, лесно победувајќи ја Марта Костјук во финалето во Бризбејн.

Наместо да ѝ честита на Сабаленка, Костјук одржа политички говор во Бризбејн: Нема струја на минус 20 (ВИДЕО)

Сабаленка победи со 6:4, 6:3, а потоа имаше провокативна прослава, каде што си ги бакна бицепсите, како одговор на навредите од Марта Костјук во неодамнешно интервју, кога рече дека Белорусинката има вишок тестостерон и дека е тешко да се победи.

По финалето, Костјук имаше уште еден неспортски испад, бидејќи за време на церемонијата на говорот не ѝ честиташе на својата соперничка Сабаленка, која дури и не ја спомена. Таа им се заблагодари на волонтерите, организаторите и навивачите, на кои особено им се обрати, бидејќи на трибините имаше многу украински знамиња.

- Би сакала да кажам неколку зборови за Украина. Постојано играм со болка во срцето. Таму има илјадници луѓе кои се без струја и топла вода, моментално е минус 20 надвор, многу е болно да се живее во таква реалност секој ден. Многу е жешко овде во Бризбејн, тешко е да се разбере. Мојата сестра спие под три јоргани затоа што е толку ладно во куќата. Среќна сум што гледам толку многу украински навивачи и знамиња оваа недела. Сакам да им се заблагодарам на сите ривали против кои играв оваа недела, ме правите подобра секоја недела, исто така би сакала да му се заблагодарам на мојот тим, жал ми е што изгубив уште едно финале, ова е трето. Дефинитивно ќе го добијам следното и ви благодарам за вашата поддршка. Благодарам на мојот сопруг кој беше со мене оваа недела да ме поддржува. Слава на Украина. - рече Марта Костјук.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап.

Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години.

Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година.

Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада.

Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

 Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер.

Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Во Тиват денеска се одржува  Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот.

Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер