Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
ЖивотНамалување на приходите на Мекдоналдс по бојкотот поради војната во ГазаАмерикански мултинационален синџир за брза храна Мекдоналдс објави дека во последниот квартал го забележал првиот пад на продажбата во последните четири години. Причината за тоа е слабиот промет во деловниот регион, кој ги опфаќа Блискиот Исток, Кина и Индија. Синџирот за брза храна е еден од неколкуте западни брендови погодени од протести и кампањи за бојкот поради нивниот произраелски став во конфликтот меѓу Израел и Хамас. Споредливите продажби во сегментот на меѓународните лиценцирани пазари за развој на Мекдоналдс се зголемија за 0,7 отсто во кварталот, со што не ги исполнија проценките за раст од 5,5 проценти, според податоците на LSEG. Тој дел сочинува 10 отсто од вкупниот приход на Мекдоналдс во 2023 година. Главниот извршен директор Крис Кемпчински минатиот месец изјави дека развојот на настаните на Блискиот Исток има „значително деловно влијание“ врз Мекдоналдс во регионот и некои области надвор од него поради војната и „поврзани дезинформации“ за брендот. - Ефектите (од војната) врз одржливоста на заработката се наша најголема грижа. Изгледа дека тоа ќе биде проблем што ќе продолжи и по следниот квартал или можеби дури и два, рече Брајан Мулбери, менаџер на портфолио на клиенти во Закс Инвестмент, кој поседува акции од Мекдоналдс. Минатата недела, Старбакс, исто така, ја намали својата годишна прогноза за продажба, делумно поради падот на продажбата и прометот во продавниците на Блискиот Исток. Во меѓувреме, потрошувачката во Кина, вториот по големина пазар на Мекдоналдс, исто така остана слаба и покрај мерките за поддршка на владата. Старбакс претходно соопшти дека закрепнувањето на продажбата во Кина е побавно од очекуваното. Мекдоналдс исто така ќе доживее слични трендови во Кина во кварталот, додаде Мулбери од Zacks Investment. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСаудијците ги прекинаа испораките на нафта за Европа — итно се бараат алтернативиСаудиска Арабија ги намали испораките на нафта за Европа откако нападите со беспилотни летала го оштетија нејзиниот клучен извозен цевковод до Црвеното море, изјавија трговски извори за Ројтерс.Поради ова, водечките европски купувачи, првенствено Полска, се принудени итно да бараат алтернативни извори на нафта на пазар каде што цените на товарот веќе надминаа 120 долари за барел. Прекинувањето на Саудискиот проток низ Црвеното море ќе го принуди Ријад да се обиде да извезе повеќе нафта низ Ормускиот теснец преку таканаречени „тајни пратки“, слично на практиката што веќе ја користат Обединетите Арапски Емирати и Ирак, велат трговски извори. Кралството во петокот мораше да го затвори својот пустински цевковод исток-запад, кој во последните шест месеци му служеше како главен ресурс по блокадата на Ормускиот проток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение за опожарувањето возила пред Амбасадата на Република БугаријаПо спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице .По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита. На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита. Според дејствијата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Откако се доближил до паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, ги полеал со бензинот и ги запалил, по што веднаш го напуштил местото на настанот. Заедно со Обвинителниот акт, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, оценувајќи дека и натаму постојат причините поради кои мерката била определена и продолжувана. Според обвинителството, околностите укажуваат на опасност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот и со тоа да го попречи водењето на кривичната постапка. При предлагањето на мерката предвид се земени и висината на казната пропишана за кривичното дело, како и природата на дејствијата што му се ставаат на товар, насочени кон сигурноста и правата на лица под меѓународноправна заштита, вклучително и дипломатски претставници. Согласно одредбите од Кривичниот законик, за кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот е пропишана казна затвор од најмалку една година,стои во соопштението од јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВрховен појаснува зошто ја укинал пресудата за ЈакимовскиВрховен ја укинал пресудата за екс градоначалникот на Карпош Стефче Јакимовски, бидејќи не било утврдено дали објектот бил тврда градба или монтажен.Во образложението на одлуката Врховен појаснува дека Јакимовски бил осуден на затворска казна иако ниту кривичниот ниту Апелацискиот суд, не утврдиле дали административниот објект на општината кој го изградил е од траен или времен карактер. Со разгледување на барањето за вонредно преиспитување на пресудите, поднеснео од неговиот адвокат , врховен утврдил дека пониските судови јасно не утврдиле дали административниот објект на општината, согласно законот, подлежи на потреба од носење на одобрение за градење и со тоа да се исполнат битните елементи на кривичното дело- бесправно градење или станувало збор за времен објект како што навел Јакимовски во неговата одбрана. Со одлуката на Врховен суд со која се укинаа и првостепената и второстепената пресуда, предметот се враќа на повторно судење а Јакимовски треба да излезе од затворТагови: Врховен суд Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook