Голем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена
1Голем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена
Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
1Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
МакедонијаНамалување на каматните стапки за субвенциониран станбен кредитСобранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените на Законот за субвенционирање станбен кредит со кои се намалуваат каматните стапки за граѓаните.Каматната стапка од 4,99 проценти се намалува на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5 проценти на 4,44 проценти за четвртата и петата година за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет. - Кај вториот модел субвенционирање на дел од учеството според кој Владата плаќа 50 проценти од учеството потребно за добивање кредит за стан, односно 75 проценти за куќа, каматната стапка ќе биде шестмесечна, плус 4,5 проценти поени за сето времено траење за исплатата на кредитот, појасни заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. Се очекува измените позитивно да влијаат на обезбедувањето поволни услови за решавање на станбеното прашање на граѓаните. Џеладини нагласи дека интересот на граѓаните за овој проект е голем и оти од почетокот на реализација до почетокот на јули годинава донесени се 307 одлуки за субвенциониран станбен кредит. Од нив, 238 се за моделот субвенции на ануитет, а останатите за субвенционирање учество. 263 апликации се за купување стан, а 44 се субвенции за изградба на куќа. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена Сообраќајот во Загреб во колапс.. Утрово започна голем штрајк на вработените од Загрепскиот електричен трамвај откако синдикатот и менаџментот не постигнаа договор за платите и нов колективен договор.Главниот град на Хрватска се соочува и со друг голем проблем- штрајкуваат и вработените од комуналното претпријатие задолжено за хигиената на Загреб, па во следниот период се очекуваат потешкотии во справување со отпадот и со одржувањето на зелените површини и патиштата. Според првичните информации не сообраќаат ниту трамваите ниту автобусите, па бројни граѓани бараат алтернативен превоз за да стигнат до работа, факултет или училиште. Хрватските медиуми информираат дека за да има минимален проток за оние кои немаат друга можност за патување, подоцна биле пуштени во сообраќај само два трамваи и еден автобус, а на располагање зе и градската и приградската железница кои работат според редовниот возен ред. Синдикатите уште утре ќе се соочат со тужби од фирмите за покренувањето на овој штрајк, за чија законитост ќе одлучува загрепскиот жупаниски суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
СветРусија со напад над Харков и Киев, повредени се 22 лицаНајмалку 22 лица, меѓу кои и осум деца се повредени во напад со руски дронови врз Харков.Во нападот бил погоден станбен објект во населбата Салтивски, при што биле уништени два ката од зградата. Пријавен е напад и во Киев кадешто дрон погодил бензинска пумпа, соопштуваат тамошните градски власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи напиша дека нападот во Харков бил брутален, во главниот град пак две лица го загинале, а од објекти биле погодени и згради и комуникациска инфраструктура. Официјална Москва соопшти дека Украина ја плаќала цената за сопствените напади врз Русија во последните месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаМоже ли ривалството на теренот да остане без поделби на трибините?Освен за поврзување, спортот во земјава неретко е причина и за разидување.ФФМ, навивачите, полицијата и фудбалските клубовите седнаа на една маса за помирни трибини на натпреварите и во борба против навредливите скандирања, најчесто во меѓуетнички контекст. Организаторот на настанот, министерот за односи помеѓу заедниците – Агон Ферати вели дека клубовите имаат добри односи меѓусебе, но тоа не се одразува помеѓу навивачите, и дека државата мора да работи сериозно во оваа насока за да се создаде спортско, а не меѓуетничко ривалство. -Целта беше да ги здружиме сите претставници на клубовите, на некои од навивачките групи, на МВР и на другите спортски работници, за да разговараме отворено и конструктивно како да се организираме како фудбалски клубови или спортски клубови, во смисла на придонесување на покоректно навивање и да се елиминираат некои од навредите или некои од пораките кои имаат меѓуетничка омраза или партиска позадина, тоа е битно за нас како држава. Да биде позадина само спортскиот натпревар, без разлика на верска,етничка припадност или други разлики кои ги имаме во општеството. - Агон Ферати – Министер за односи меѓу заедниците. Спортот е силна појава која многу бргу може да предизвика хаос во општеството, особено на етнички план, но е и алатка која сето тоа може да го сведе на минимум и да доведе до заедништво – вели професорот Иван Анастасовски, според кого највнимателни тука треба да бидат политичарите и да не ја злоупотребуваат ранливоста на општеството. Тој смета дека ваквите превентивни акции на државата се добри, но и репресивните мора да се спроведуваат, каде според законот би следувале соодветни казни. Анастасовски оценува, младите од различни етникуми во земјава се странци едни кон други, а тоа мора да се промени.. -Ние имаме еден образовен процес каде што младите од разни етнички групи, особено Македонци и Албанци не се заедно во образовниот процес, и вие таму не можете да го наметнете во програмите образовни тој сегмент на толерантност и почит едни према други. Затоа тоа мора да се прави преку одредени проекти, вон наставни активности кои ќе придонесуваат младите да се зближуваат едни со други, а не да се разединуваат како што досега е случајот,- Иван Анастасовски – Универзитетски професор. Во последниве 2 години бројни недолични настани го одбележаа македонскиот спорт.. Меѓу последните се, во мај годинава на финалниот фудбалски наптревар од Купот на Македонија навивачите на Шкендија ја исвиркуваа химната, а имаше националистички скандирања, а три месеци подоцна, во август Тиквеш беа казнети од ФФМ оти на натпреварот со Шкендија – Арачиново скандирале националистички и фрлале предмети по теренот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook