АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
1АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
КошаркаНамалување на бројот на странци во мак-баскетот повторно бараат македонските кошаркариЗдружението на кошаркари во Македонија и даде поддршка на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), да се вметнат промени во одлучувањето на бројот на странски играчи во мак-баскетот, односно промена на Регистрацискиот правилник со кој ингеренциите за носење ваква одлука ќе ги има УО на МКФ, а не како досега клубовите. Ова меѓу другото стои во соопштението на Здружението на македонските кошаркари, со кое уште еднаш ја потврдуваат заложбата за намалување на бројот на страците во домашниот шампионат. Во продолжение целосно го пренесуваме соопштението на играчите упатено до јавноста и МКФ: „Здружението на кошаркарски играчи како еден од најбитните субјекти, барем преку протагонистите на кошаркарската игра, преку ова соопштение дава свој став околу предлог промените во Регистрацискиот правилник и Статут на МКФ кои ќе бидат на дневен ред на Собранието на МКФ кое ќе се одржи на 23.04.2016. Имено, нашето залагање за подобрување на условите за натпреварување во Македонската кошаркарска лига, статусот на македонските кошаркари во Македонската кошаркарска лига и иднината на Македонската копшаркарска репрезентација воопшто, конечно наидува на слух од новото раководство на МКФ. Предлозите за промени од страна на МКФ, се од круцијална важност за иднината на македонската кошарка и во таа насока Здружението на кошаркарски играчи со оптимизам ќе го чека Собранието на 23.04.2016. Здружението на кошаркарски играчи на Собранието ќе ги повтори и потврди досегашните ставови во однос на бројот на македонски регистрирани играчи во домашното првенство, бројот на странските регистрирани играчи во домашното првенство како и ставот за условите за работа на играчите ширум кошаркарските терени во Р. Македонија. Со ова писмо Здружението на кошаркарски играчи нема намера да влегува во конфликт со Здружението на прволигаши, напротив, има искрена желба да се најдат најквалитетни решенија во корист на кошарката во Р. Македонија, како и на двете здруженија, поддржани од МКФ“. По најавата од страна на МКФ, за промени во Регистрацискиот правилник и Статусот на МКД, минатиот петок реагигаа прволигашите, кои ваквите најави за промени ги нарекоа аматерски и побараа итен состанок со челниците на МКФ на кој тие ќе бидат разгледани. Во спротивно, тие ќе побараат пролонгирање на собранието закажано за во сабота (23 април).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
НБААларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата. Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра. Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter