Намалена видливост поради магла од с.Гајре – с.Лисец и планинските превои Ѓавато и Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 20 метри има од с.Гајре – с.Лисец и планинските превои Ѓавато и Плетвар до 50 метри.

Од ЈП Македонијапат информираат дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Екипи на ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Премиера на претставата „Народен пратеник“ во рамките на јубилејот 80 години МНТ

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на  Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“.

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996).

Во претставата игра внимателно одбрана и веќе докажана актерска екипа: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ.

Сценограф на претставата е Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, преводот на текстот го направи Загорка Поп-Антоска Андовска, а дијалектната адаптација на текстот е на Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот.

Првата реприза е закажана за 30 јануари, а билетите за истата се веќе распродадени.

НУ Македонски народен театар

ВЛЕН: Посебна чест поканите на лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на претседателот Трамп

Со големо задоволство и гордост ја информираме пошироката јавност за честа што им е укажана на лидерите на најголемата албанска коалиција, ВЛЕН, со кои се поканети да учествуваат на церемонијата на инаугурација на претседателот на САД,  Доналд Трамп.

Учеството на лидерите на ВЛЕН на овој голем настан е доказ за силните врски што лидерите на ВЛЕН, како претставници на албанците во Владата на Македонија, ги изградија со новата американска администрација.

Овој настан одразува уште еден важен чекор кон зајакнување на односите со САД. Зајакнувањето на врските меѓу Скопје и Вашингтон е гаранција за понатамошна поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја, за што лидерите на ВЛЕН секогаш се залагаа и додека беа во опозиција и сега кога се на власт.

Соединетите Американски Држави заземаат важно место во историјата на патувањето на нашата земја од независноста. САД силно ги поддржуваат аспирациите на нашата земја за целосна интеграција во евроатлантските институции и се посветени да и помогнат на Македонија да работи кон инклузивна демократија и одговорно владеење пред нејзините граѓани.

Соединетите Американски Држави дадоа изклучителен придонес во борбата против корупцијата и дискриминацијата, зајакнувањето на владеењето на правото, продолжувањето на надградбата на достигнувањата како член на НАТО, зајакнувањето на економијата и промовирањето на слободата на медиумите. И што е најважно, да се изградат поголеми демократски институции во целосно, инклузивно, мултиетничко општество.

Затоа, поканата и присуството на лидерите на ВЛЕН на најважната можна церемонија што се одржува во светот претставува посебна чест. ВЛЕН продолжува да се залага за продлабочување и зајакнување на односите со САД, се наведува во партиското соопштение.

Жител на Студеничани (85) се бори за живот, откако во него удри автобус на ЈСП

Тешко повреден е Љ.Џ. (85) од скопското село Студеничани откако вчера го удрил автобус на ЈСП „Скопје“. 

МВР информира дека несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје.

Авотбусот бил управуван од Б.Б.(53) од Скопје, а Љ.Џ., чии повреди се констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

притисни ентер