Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19 - Канал 5

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19

Продолжува намалувњето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година.

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19

Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, просечно 7,3%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=622; 56,2%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000* (Табела 1, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%).

Со статус „оздравени" се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.789). Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната група 50-59 (38,1%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени" се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со претходната седмица.

За 36,1% е нален бројот на реинфекции и вкупно се евидентирани 175.

Пријавени се 10 смртни случаи, за 23,1% помалку во однос на претходната недела (n=13). Најголем дел од нив се од Скопје (6). Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика" при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 54 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 04-09.04.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес, Охрид и Гевгелија. Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 51 (94,4%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth".

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка, а нема лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 6 апруил 2022, вакцинирани се вкупно 873.332 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза се вакцинирани 155.817 лица. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талон Грикспор: „Вие сте медиокритети“: Тешко на тенисот по Ѓоковиќ – сега тоа им е јасно на сите!

Холандскиот тенисер Талон Грикспор упати критики кон финалето на УС Опен, оценувајќи ги играчите како просечни, медиокритетни. 

Талон Грикспор: „Вие сте медиокритети“: Тешко на тенисот по Ѓоковиќ – сега тоа им е јасно на сите!

Како возраста и повредите на Новак Ѓоковиќ влијаат врз тениската сцена? Па, да речеме само дека тоа веќе не е истиот спорт.

Германецот Саша Зверев го победи Бен Шелтон во финалето на УС Опен во 2026 година – меч што љубителите на тенисот очигледно не сакаа да го видат, иако со години се зборуваше дека сакаат „нови лица“.

Сега, кога Новак Ѓоковиќ е далеку од формата потребна за финале на Грен слем, а Карлос Алкараз и Јаник Синер се повредени и не се на своето највисоко ниво, станува очигледно колку остатокот од тениската турнеја е незанимлив за гледање.

Токму на ова укажа холандскиот тенисер Талон Грикспор, познат по својот остар јазик, тој упати остри критики кон своите колеги кои не одиграа особено квалитетен меч во Њујорк, иако Зверев сепак беше малку подобар и ја освои втората Грен слем титула во кариерата.

„Мислам дека финалето на Ју-Ес Опен беше прилично просечно, одиграа како медиокритети“, изјави Грикспор за холандскиот весник „Телеграф“ по не толку интересното финале во Њујорк:

„Шелтон беше многу непостојан и подаруваше по два или три поена во секој гем.“ „Во исто време се одржуваа и други спортски настани, а мене едноставно ми е тешко да го гледам Зверев. Особено на овој турнир, каде што го удираше топчето од подлогата по 400 пати пред секој сервис. Тоа беше навистина екстремно, но очигледно му помогна. Можеби и јас треба да го правам истото“, рече Грикспор, кој беше елиминиран од турнирот од страна на Бен Шелтон (3:1) и смета дека Американецот имал среќа што бил подобар од Алкараз: „Карлитос требаше да го победи Шелтон во четвртфиналето, но одигра ужасен тај-брејк во петтиот сет.“

„Ниту една влакно на мојата глава не верува дека Зверев ќе ја заврши годината како светски број еден“, заклучи тој.

Талон Грикспор (30) досега има освоено три титули во кариерата, а најдобриот пласман му е 21-то место на АТП-листата.

Моментално е 56-ти во светот и настапува за холандската репрезентација во Дејвис купот против Колумбија, па споменатите изјави беа дадени пред тие мечеви, во малку поопуштен тон со „домашни“ новинари.

Инаку, тој доживеа голем подем во 2023 година и влезе во најдобрите 100, а тогаш и Ѓоковиќ пофално зборуваше за него: „Има многу силни удари во својата игра. Има одличен сервис и форхенд, а тоа му се омилените удари. Се обидува да го диктира темпото на поените од основната линија и знаев дека морам да ја ’преземам’ таа позиција за да го победам.“-изјавил тогаш Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Корпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот Теснец

Поморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.

Корпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот Теснец

Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“.

Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат.

„Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението.

Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во Украина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.

Вучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во Украина

Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели:

„Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“.

https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер