1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ЗдравјеНајздраво овошје на светот: Лековити се и плодот, и семето и листотКога ќе се спомне дуња, сите помислуваат на ракија или слатко. Но, ова овошје во народната медицина е познато и по неговите лековити својства при проблеми со кашлица и желудник.Дуњата содржи малку калории, соли и масти, па се препорачува за регулирање на тежината, додека компотот од ова овошје треба да го јадат оние кои имаат проблеми со варењето и чир на желудникот. Ова овошје содржи многу витамини Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати. Плодот од дуњата има повеќе витамин Ц отколку лимонот. Благодарение на тоа, дуњата спречува инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем. Поволно делува на респираторниот систем, па се препорачува при долготрајна и упорна кашлица, особено ако се работи за бронхитис. Сокот од дуња успешно помага во лекувањето кашлица, астма и дијареа, додека печена или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лекување на воспаленија на желудникот и цревата, како и за тешки циклуси, пишува „biljeza.com“. Сокот се подготвува така што една голема дуња добро се мие и се сече на прстени сосе кора. Потоа се вари во литар вода додека водата не изврие до пола. Кога ќе се излади, сокот се цеди, а дуњата не се фрла туку може да се јаде. Семките од дуња се користат за правење чај кој ги чисти дишните патишта и е ефикасен при кашлица. Семките треба да се остават да отстојат во водата и да испуштаат слуз, што е одлично за белите дробови бидејќи содржи големи количини амигдалин, односно витамин Б17, кој делува антиканцерогено. Со оглед на тоа што се богати со антиоксиданси, семкитеод дуња се покажале како добри при лекување на рани и благи изгореници. Треба само да ги обарите семките од дуња за да добиете слуз за лекување на проблематичните области. Сувите листови од дуња се исто така корисни при дијареа, и кај деца и кај возрасни. Чајот се приготвува така што три листа се прелеваат со 250 милилитри врела вода. Чашата се покрива и се остава да отстои 15 минути. Чајот не треба да се засладува, а може да се пие ладен. Овој чај се препорачува и за дехидрација. извор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во ОхридОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСкопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“Над 2.900 танчери пристигнуваат во Скопје – од 21 до 29 септември Т-Арена во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на еден од најголемите танцови настани во ЕвропаСо прес-конференција и атрактивен танцов спектакл во срцето на градот, вчера официјално беше најавено IDO European Dance Championship 2026 – Skopje, кое од 21 до 29 септември ќе се одржува во Т-Арена, во рамките на СЦ „Борис Трајковски“. Европското првенство во Скопје ќе собере повеќе од 2.900 танчери од повеќе европски земји, кои во текот на девет натпреварувачки дена ќе настапуваат во повеќе танцови дисциплини и категории. Заедно со натпреварувачите, во Скопје ќе пристигнат и нивните тренери, претставници на танцови федерации, семејства и поддржувачи. На вчерашната прес-конференција, деталите за организацијата, програмата и значењето на првенството ги претставија Трајче Петковски, организатор на настанот, и Данијел Апостоловски, директор на СЦ „Борис Трајковски“. Беше истакнато дека организацијата на настан од ваков меѓународен ранг претставува значаен спортски и културен момент за Скопје, но истовремено придонесува и за туристичката и економската активност во градот. Илјадниците учесници и гости кои ќе престојуваат во Скопје во текот на првенството дополнително ќе придонесат градот да живее во знакот на танцот, младоста и меѓународната културна размена. Прес-конференцијата заврши на несекојдневен и впечатлив начин – со спектакуларен флешмоб, во кој танчери го претворија центарот на Скопје во отворена танцова сцена и на најдобар начин ја најавија енергијата што ќе го одбележи градот во следните денови. ДЕВЕТ ДЕНА ВРВЕН ЕВРОПСКИ ТАНЦ ВО СКОПЈЕ Од 21 септември, вниманието на европската танцова сцена ќе биде насочено кон Скопје. Т-Арена во СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува да пречека илјадници натпреварувачи и посетители, со професионална продукција, сценско осветлување, LED-екрани и целосна инфраструктура неопходна за реализација на натпреварување од европски ранг. Првенството ќе ѝ овозможи на македонската публика во живо да проследи врвни танцови изведби, кореографии и натпреварувачи од реномирани европски танцови школи и федерации, во повеќе дисциплини и возрасни категории. Посебен сегмент од програмата ќе биде Парадата на нациите, која ќе се одржи на 25 септември во 14:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на парадата ќе бидат претставени сите земји и учесници на првенството, во свечен формат кој ги промовира пријателството, меѓусебната почит, културната размена и заедништвото. На Парадата на нациите е предвидено присуство и на високи државни претставници, дипломатски делегации и амбасадори, со што овој сегмент добива дополнително протоколарно и меѓународно значење. Во текот на деветте дена од првенството се очекува низ СЦ „Борис Трајковски“ да поминат илјадници посетители, со што Скопје во последната недела од септември ќе живее во ритамот на европскиот танц. Дневните влезници за публика, по цена од 1.200 денари, ќе бидат достапни на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“. Со IDO European Dance Championship 2026, Скопје добива уште една можност да се претстави како домаќин на голем меѓународен настан и како град во кој на едно место се спојуваат спортот, уметноста, културата, младинската енергија и меѓународното пријателство. Од 21 до 29 септември – Скопје танцува со Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветВидео: Путин гласаше преку интернет на изборите во Русија, видеото стана хит.Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал онлајн на изборите за новиот состав на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент. Гласањето започна вчера и трае до недела, а се избираат сите 450 пратеници. Ова се првите парламентарни избори во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Право на глас имаат повеќе од 111 милиони гласачи, а овозможено е и електронско гласање, пренесува АП. Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин седи пред компјутер во својата канцеларија и го спроведува процесот на електронско гласање. Тој се приближи до мониторот, неколку моменти внимателно гледаше во екранот и кликна со глувчето. Видеото од неговото гласање набрзо се прошири на социјалните мрежи. Откако на екранот се појави потврдата дека успешно гласал, Путин рече „ви благодарам“. State news agency TASS has posted this clip of Putin voting online in the Russian parliamentary election https://t.co/bdkATMFy63 — Francis Scarr (@francis_scarr) September 18, 2026 Видеото од гласањето на Путин брзо стана хит на социјалните мрежи. Многумина забележаа дека тој многу се приближил до мониторот и ги стеснувал очите додека читал од екранот, па некои почнаа да се шегуваат дека му требаат очила.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29