Вториот натпревар се игра вечерва, а денот помеѓу некои од нив го искористија за забава во базен, каде најголема sвезда беше Тако Фол , сенегалски центар висок 226 см и моментално највисок играч во НБА лигата.
Иако има 24 години, Фол сè уште не научил да плива, а вчера неговите соиграчи решија да го променат тоа. Со него во базенот беа Џејлен Браун и турскиот центар Енес Кантер, кои ги објавија снимките на Твитер и напишаа: "Курс за пливање на Так. Сенегалскиот Фелпс".
А, колку се добри наставници Браун и Кантер и дали тие биле од корист на соиграчот, уверете се сами.
Фол се преселил во Соединетите држави од родниот Сенегал на 16-годишна возраст и таму завршил средно училиште и колеџ. Тој не беше избран на минатогодишниот драфт, но Селтикси му понудија договор со надеж дека ќе ја зголеми мобилноста и брзината преку Лигата за развој. Тој играл за првиот тим само седум пати со просек од 3,3 поени и 2,1 скок, но поради неговата висина и веселиот карактер, тој веднаш стана омилен.