Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот - Канал 5

Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“ - најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија.

Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По шест години двајцата повторно се сретнаа во САД каде што заедно појадувале, а на крајот и се фотографирале за спомен.

Косен во 2014 година, во Лондон, Велика Британија, се сретна и со најниската личност во светот - Чандра Бахадур Данги од Непал (висок 54,6 цм), кој почина следната 2015 година.

Косен и Амге се дел од Гинисовата книга на рекорди од 2011 година. Во вторник патуваат за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Пред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!

СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата.

Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор.

Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак.

Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја.

Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина.

Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре.

Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт.

Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина.

Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира.

Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа.

СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот.

Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода.

Скопје, 11.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали

Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода.

ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали

ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали

Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода.

Денес им се поклонуваме на храбрите борци и на нивните идеали за слобода. Благодарение на нивната пожртвуваност, денес ние живееме во слободна татковина.

На овој голем ден ја славиме решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање самостојна и независна држава. Тие идеали и денес нe водат во создавањето подобра сегашност и подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

ВМРО-ДПМНЕ непоколебливо го следи заветот што го оставија храбрите борци. Обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за да имаме попросперитетна Македонија, да го вложиме своето знаење и труд во негувањето и развојот на нашата татковина. Се залагаме за зачувување, развој и напредок на македонската држава, за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани.

Да ги пренесеме идеалите на младите генерации и самата идеја да се живее и расте во сопствена, самостојна и независна држава.

Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер