3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
КултураНајвисоки награди за маестро Татарчевски и Женскиот хор при МКЦ во ВроцлавЖенскиот младински хор при МКЦ, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, освои први места во две категории, а Татарчевски доби три специјални награди на најдобар диригент на шестиот меѓународен фестивал и хорски натпревар за духовна музика „Vratislavia Sacra“, кој од 3 до 6 јуни се одржа во европскиот град на културата за 2016 година, Вроцлав.Хорот се закити со први места во категориите за еднородни хорови и за госпел и спиритуална музика, а диригентот Татарчевски доби специјални награди за најдобар диригент од стручното жири, од жири комисијата на организацијата „Вроцлав, европски град на културата“ и од претставниците на музичката академија во Вроцлав. На фестивалот учествуваа дваесетина ансамбли од Европа и САД, кои, покрај на натпреварот, зедоа учество и на голем број концерти што се одржуваа во неколку катедрали низ градот. Женскиот младински хор при МКЦ годинава слави 44 години од постоењето и е еден од најуспешните колективи кој ја претставува Македонија на меѓународната сцена, освојувајќи голем број награди и признанија. Маестро Татарчевски е професор на факултетот за музичка уметност во Скопје по група предмети од областа на диригирањето. Успешно настапува со разнородни инструментални и вокални ансамбли во Македонија и странство, а постојано работи и постигнува меѓународни успеси со неколку хорови како професионалниот камерен хор „Про Арс“, хорот на ФМУ Скопје „Драган Шуплевски“ и Женскиот младинско хор при МКЦ. Редовен член е во неколку жири комисии на меѓународни хорски натпревари, а од 2014 година е уметнички раководител и главен предавач на меѓународниот хорски форум во Струга. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаМицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септемвриПремиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк присуствуваше на говорот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте по повод 11 септември.Говор на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод одбележувањето на 25 години од нападите на 11 септември 2001 година врз Соединетите Американски Држави и првата и единствена примена на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО), објави на ФБ премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)Неверојатни сцени се видени на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Атлетико Индепендиенте Кочабама и Вилстерман Кооператива.При нерешен резултат 2-2 во судиското продолжение, домашниот тим притискаше силно, но аргентинскиот голман на гостинскиот тим успеа да го спаси својот гол со три спектакуларни одбрани. Сепак, и покрај ова, главниот судија Карлос Артеага досуди пенал за Индепендиенте, по што на теренот избувна општа врева. Следеше пауза од речиси дваесет минути, за време на која револтираните гости протестираа и го убедија судијата да ја промени својата одлука, но тој остана непомирлив. Потоа во центарот на вниманието се најде голманот на Вилстерман, Густаво Тесоноте, кој одлучи да го бојкотира изведувањето на најстрогиот пенал во знак на протест. Неговиот револт се манифестираше со прво свртување на грбот кон теренот, а потоа ноншалантно потпирање на стативата, мирно гледајќи го Ернест Адири како постигнува гол и му носи триумф на домашниот тим. A crazy moment in Bolivia as Argentine goalkeeper Gustavo Tesonotte refused to attempt to save a penalty in protest. The Bolivian football federation's National Referees Commission later suspended referee Arteaga. https://t.co/2eXhTye33a — Sky Sports (@SkySports) September 24, 2026 Овој необичен инцидент брзо стана вирален на интернет, алармирајќи ја Боливиската фудбалска федерација и локалната судиска организација да преземат итни мерки. Подоцнежната анализа потврди дека нема прекршок што заслужува највисока казна, што резултираше со суспензија на судијата на неодредено време.Тагови: Боливија голман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степениУтре времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, 19 Претор, Маврови Анови, 20 Крива Паланка, Прилеп, 21 Охрид, Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Утрото беше ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец. Во вечерните часови облачноста постепено ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00