Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
1Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
ЗОИ 2026Најужасен пад на ЗОИ: 19- годишен фаворит за злато удри со глава во патеката (Вознемирувачко видео) Актуелниот светски шампион во слободен стил скијање, Финли Мелвил Ив, беше евакуиран во Ливињо по брутален пад.Ова е еден од најсериозните падови на Зимските олимписки игри досега. 19-годишниот Новозеланѓанец, кој се сметаше за главен фаворит за златото во халфпајп на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, доживеа тежок пад за време на квалификациската рунда. Ив ги покани своите следбеници да го гледаат неговиот настап преку Инстаграм само неколку минути претходно: „Почнувам за две минути, не пропуштајте“, напиша тој од ски-лифтот во Ливињо. Додека го изведуваше трикот, силно удри во снегот при слетувањето. Слета несмасно, потоа ја изгуби контролата и удри со главата на земја. По ударот, скијачот остана во несвест неколку секунди, со крената една рака, сè додека брзата помош не пристигна на местото на несреќата. Шест медицински работници внимателно го ставија на носилка и го евакуираа по падината. Иако неподвижен за време на евакуацијата, Финли ја напушти падината свесен и со отворени очи, што барем привремено им олесни на членовите на делегацијата на Нов Зеланд кои беа видливо потресени. Официјален медицински извештај за состојбата на младиот скијач сè уште не е објавен. Finely Melville Ives gets knocked out at the Men's Freestyle on the half pipe at the winter olympics by u/lifeandtimes89 in sports Падот се случил во тешки временски услови - падината била облачна и снегот постојано паѓал. Квалификациите во халфпајп се одржаа денеска откако беа одложени поради обилни снежни врнежи и снежна бура што го зафати подрачјето.Тагови: ЗОИ 2026 фаворит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетничкиОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот. Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата. Тагови: ОЈО Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаУсловна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна. Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација. И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска. Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина е длабоко загриженаКина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа. Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната. Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе. „Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата. Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран. САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули. CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец. Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter