ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
1ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
3Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
ЗабаваНајубавите жени на светот за 2022 година (фото)Еден американски портал спровел анкета за најубава жена од јавната сцена на планетата за 2022 година. Според пристигнатите гласови (122.000), титулата за најубава жена ѝ припадна на познатата актерка Марго Роби. Десеттото место ѝ припадна на Лили Колинс, британско-американска актерка која од модните писти премина пред филмските камери. Во моментов глуми во популарната серија „Емили во Париз“. View this post on Instagram A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins) На деветтото место се најде моделот Емили Ратајковски. Таа лани се разведе од режисерот Себастијан Бер-Меклард со кого беше во брак 4 години и од кој имаат заеднички син. По разводот таа вплови во романса со актерот Пит Дејвидсон. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) На 8-мото место се најде Ема Вотсон, која се прослави во филмската франшиза за Хари Потер. Седмото место го зазеде украинско-американската актерка Мила Кунис, која се прослави по улогите во романтичните комедии. View this post on Instagram A post shared by Mila Kunis (@milalkunis) Шестото место ѝ припадна на Елизабет Олсен, која пред неколку години тврдеше дека „Србите немаат ништо свое, туку сè присвојуваат од другите“. Петтото место го зазеде Џесика Лаба која со години важи за една од нјубавите жени на планетата. Иако зачекори во петтата деценија, оваа актерка и понатаму плени со својата убавина. На четвртото место се најде кубанско-шпанската актерка Ани де Армас, која се прослави со улогите во филмовите „Блејд Ранер 2049“ и „Нож во грб“. На третото место се најде Скарлет Јохансон, која по одличните улоги во „Црна Далија“, „Завршен удар“, „Изгубени во преводот“, воглавно снима филмови на Марвел. Високото второ место го зазеде израелската актерка Гал Гадот која се прослави со улогата во филмското остварување „Чудесна жена“. Титулата најубава жена ја понесе американската актерка Марго Роби, која својата светска слава ја стекна со улогата во „Волкот од Волстрит“. Таа во 2017 г. се најде на листата на највлијателните луѓе на светот според „Тајмс“, а веќе трета година по ред ја освојува и титулата најубава актерка според анкетата на австралиското списание „Максим“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСДСМ: Отруена е цела Македонија а никој од власта не одговараПоради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо Клековски, Македонија се претвори во држава во која граѓаните не знаат дали водата што ја пуштаат од чешма е безбедна.Над 50 населени места се со загадена вода. Во Гостивар цел град беше отруен, на 4.000 илјади граѓани побараа медицинска помош. Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле доцна. Панче Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање, испуштање вода од цевките и анализи на вода. Ја прогласија водата за техничка и дека може да се користи а никогаш не објавија анализа, резултат за водата, кој потпишал и кој одобрил. А Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија. Сега се најавува дека официјалните резултати од анализите, ќе бидат достапни на 20 август. Народот што да прави? Во меѓувреме, Владата склучила зделка вредна околу 100.000 евра за набавка на вода, без тендерска постапка. Тотален распад на институциите и колапс на здравството. Прашањето е зошто Обвинителството молчи? Зошто досега никој од власта не одговара за Гостивар? Не може цела држава да се труе, а никој да не биде одговорен. Не може илјадници граѓани да бараат лекарска помош, институциите да признаваат дека задоцниле, а функционерите да продолжат како ништо да не се случило. Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, одговорност мора да има. Скопје, 07.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПовеќе од 4.000 луѓе се заразени со ебола во Конго, бројот на смртни случаи растеСпоред податоците на владата, бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат ја надмина бројката од 4.000 за време на оваа епидемија. Ова е втората најголема епидемија на ебола во светот според бројот на заболени, а исто така е опишана и како епидемија на оваа болест што се шири најбрзо досега. Експертите сметаат дека вирусот почнал да се шири неколку месеци пред официјалното прогласување на епидемијата на 15 мај и дека реалниот број на заразени лица би можел да биде значително поголем од официјалните бројки. Националниот институт за јавно здравје соопшти дека се потврдени вкупно 4.053 случаи на зараза, од кои 1.850 завршиле со смртен исход. Случаи на ебола се потврдени во пет провинции: Итури, Северен Киву, Јужен Киву, Горно Уеле и Чопо. Во извештајот објавен минатиот месец во научното списание „Science“ се наведува дека епидемијата во Конго започнала уште во јануари, а можеби и порано, во провинцијата Итури. Истражувачите идентификуваа повеќе од 500 сомнителни случаи во периодот од средината на јануари до 15 мај. Доцното откривање на болеста, преоптоварениот систем за епидемиолошки надзор, вооружените конфликти и недостигот на вакцини и ефективни третмани за вирусниот сој што ја предизвика епидемијата, ги попречија напорите за нејзино сузбивање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалМанчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра Манчестер Сити го продаде голманот Џејмс Трафорд на Лидс. Според „Атлетик“, Сити ќе добие 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за својот резервен голман. Покрај тоа, Сити задржа клаузула од 20% од наредната продажба. Овој трансфер претставува нов клупски рекорд за Лидс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook