Најубавата жена на светот покажа како изгледа без шминка (ФОТО) - Канал 5

Најубавата жена на светот покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Мадалина Генеа, романската актерка и манекенка која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот, покажа како изгледа без шминка.

Најубавата жена на светот покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Таа објави фотографија која е направена во утринските часови по фестивалот во Кан, каде ги освои сите присутни.

„Седум е наутро, ноќта пред тоа бев на затворањето на фестивалот во Кан. Ме разбуди со својот вообичаен ентузијазам со тоа што ми приреди мало шоу, без шминка, какви било украси, каков било накит, како овој. Се чувствував како да ме удрил камион по 2 недели обврски и месеци снимање... Но, преку нејзиниот објектив, заморот станува плус“, напиша таа покрај фотографија, заблагодарувајќи ѝ се на фотографката.

„Можеби сепак треба да ги ретуширате овие фотографии“, додала на шега таа.

Потсетуваме, Мадалина Генеа на почетокот на годинава се појави на црвениот тепих во Кан и ги остави без здив сите присутни.

Манекенката успешно зачекори во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата актерка. Некои веруваат дека е поубава и од Софија Лорен, а фановите на Инстаграм ѝ велат дека моментално е најубавата жена на планетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомври

По речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.

Распишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомври

Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење.

-Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата.

-Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“

Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата.

-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“

-Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“

Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Пет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Пациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска.

Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош.

На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер