Македонскиот КИЦ во Загреб ја заокружи концертната сезона со маестрален концерт на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ
2Македонскиот КИЦ во Загреб ја заокружи концертната сезона со маестрален концерт на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ
ЗабаваНајубавата светска фудбалерка откри дека добила непристојна понуда од познат колега?!Најубавата фудбалерка на светот откри дека од познат колега добила понуда од 100.000 франци за ноќ со неа!За многумина најатрактивната фудбалерка на светот Алиша Леман сподели тајна која го изненади светот. Имено, убавата Швајцарка признала дека добила непристојна понуда за интимни односи - речиси како во познатиот истоимен филм со холивудската убавица Деми Мур. Алиша откри како и се приближил познатиот колега. - Бев во Мајами, моето омилено место. Се сретнав со пријатели во еден клуб таму. Пораката беше од некој многу познат. Веќе се запознавме на еден настан - опишува убавата фудбалерка и ја открива содржината на пораката што прво ја добила, а потоа и нејзиниот телохранител: - Пораката гласеше: „Ќе и платам на Алиша 100.000 швајцарски франци за една ноќ со мене!“ Таа не размислуваше многу: - Мојот одговор беше: Нема шанси! А сепак: само 100.000??? Секако дека не одговорив, лудо беше – истакна фудбалерката на премиерлигашот Астон Вила во подкастот на раперката Ширин Дејвид. Сепак, 24-годишната убавица не сакаше да го открие името на мажот. - Работата е што се уште ја имам таа порака во мојот телефон. Тоа е малку глупо. Дали е тоа од фудбалер? Не можам да го откријам неговото име. Но, тој е многу, многу познат на меѓународно ниво – истакнала убавата швајцарска репрезентативка. Инаку, Алиша Леман веќе имаше врска со колегата Даглас Луиз, како и со колешката Рамона Бахман во Астон Вила и отворено е бисексуалка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Завршна фаза од реконструкцијата на улиците Мишо Шкартов и Фуштани. Изминатиот период се вршеше реконструкција - трета фаза на ул. ,,Мишо Шкартов спој со ул. ,,Фуштани’’, објави на социјалните медиуми првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Во оваа фаза се изгради уште еден потпорен ѕид, се изврши порабување на улицата и за крај целосно се асфалтираше на површина од 1260 метри квадратни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб ја заокружи концертната сезона со маестрален концерт на Дуото Бадивуку-КастратовиќСо концерт посветен на 150-годишнината од раѓањето на големиот шпански композитор Мануел де Фаља, македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја заокружи својата концертна сезона.Бројната публика уживаше во извонредната изведба на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ, составено од истакнатите македонски уметници Сихана Бадивуку (виолина) и Маја Кастратовиќ (пијано), кои со својата виртуозност, префинета музикалност и исклучителна сценска комуникација приредија концерт за паметење. Нивните интерпретации беа наградени со долг и срдечен аплауз, а публиката во преполната сала со воодушевување ја следеше секоја композиција, создавајќи атмосфера исполнета со емоции и искрена почит кон врвната музичка уметност. Особено внимание привлече и внимателно осмислената концертна програма. Покрај ремек-делата на Мануел де Фаља и неговите шпански современици, пред загрепската публика беа изведени и композиции од македонскиот композитор Тома Манчев. Со тоа, македонскиот КИЦ во Загреб уште еднаш ја потврди својата заложба, да го промовира и македонското музичко творештво, создавајќи вистински културен дијалог меѓу шпанската, македонската и европската музичка традиција. Во своето поздравно обраќање директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска истакна дека: „За македонскиот КИЦ во Загреб претставува особена чест и привилегија концертната сезона да ја заокружи со настап на две исклучителни македонски уметници – Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ. Нивните богати меѓународни кариери, врвниот професионализам и долгогодишната посветеност на музичката уметност се вистински пример за највисоките вредности на македонската култура. Дуото Бадивуку-Кастратовиќ успешно соработува од 1994 година и повеќе од три децении со своите настапи остава силен печат на концертните сцени во регионот и пошироко. Со својата уметничка зрелост, беспрекорната техника и исклучителната музичка синергија, двете уметници потврдуваат зошто се вбројуваат меѓу најреномираните македонски музички амбасадори на меѓународната сцена.“ Вечерта помина во извонредна атмосфера, со навистина импозантно присуство – преполна сала и многубројна публика од професионалци од областа на музиката, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, бројни Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб како и македонскиот Амбасадор во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, што претставува дополнително признание за значењето на ваквите културни настани Со оваа инспиративна музичка вечер македонскиот КИЦ во Загреб уште еднаш ја потврди својата улога како значаен промотор на македонската култура во Република Хрватска. Концертот не само што беше достојно заокружување на успешната концертна сезона, туку и силна потврда дека македонската музичка уметност, претставена од врвни уметници и домашни автори, успешно допира до меѓународната публика, отворајќи нови можности за културен дијалог и продлабочување на пријателските врски меѓу Македонија и Хрватска Сихана Бадивуку е истакната македонска музичка уметница со богата меѓународна кариера. Своето образование го стекнала на реномираниот Државен конзерваториум за музика „Петар Илич Чајковски“, најнапред во Киев, а потоа и во Москва, каде што дипломирала и магистрирала во класата на професорот Евгениј Чугаев. Во текот на својата богата кариера настапувала во Италија, Шпанија, Турција, Германија, Русија, Финска, Белгија и во многу други земји. Од 1992 година е професорка на Факултетот за уметности во Приштина, а од 2000 година концерт-мајстор на Косовската филхармонија, додека од 2011 година и на Албанската филхармонија. Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот Московски државен конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршила во Скопје. Како концертна пијанистка настапувала со Оркестарот на Македонската филхармонија и реализирала бројни солистички и камерни концерти во земјата и во странство. Од 2001 година живее и работи во Словенија, каде што предава пијано и корепетиција. Добитничка е на бројни признанија и награди, меѓу кои се издвојува Бернекеровата плакета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сите гледаа во деколтето на Џеј ЛоСветската музичка ѕвезда, атрактивната Џенифер Лопез пристигна во Париз и уште од првиот чекор немаше мир од папараците, а за сè е виновен нејзиниот незаборавен стајлинг.Латино дивата Џенифер Лопез, откако ги засени сите на свадбата на Тејлор Свифт, се упати кон Париз, каде што дополнително ја „загреа“ атмосферата со провокативна модна комбинација. За „Градот на светлината“, славната Џеј Ло избра тесен црн фустан со нагласен горен дел што потсетува на корсет, но деколтето беше главната ѕвезда на ова нејзино издание. Како што се вели во коментарите на социјалните мрежи, никој не успеа да ја погледне славната пејачка во очи, а сите очекуваа да се случи некаков мини-скандал и Џеј Ло да открие повеќе отколку што сакала. 57 yaşındaki Jennifer Lopez, Paris’te katıldığı bir etkinlikte görüntülendi. Jennifer Lopez, etkinlikteki kıyafetiyle dikkat çekti. pic.twitter.com/Jks9LwQqA2 — Gossip Magazin (@gossipmagazinn) July 7, 2026 Таа ја заокружи модната комбинација со елегантни сандали, додека едноставно ја пушти косата слободно да паѓа и уживаше во сите погледи што ги привлекуваше.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook