Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар
2Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар
ЗабаваНајубавата српска кошаркарка ужива во љубов со ватерполистТие двајца повеќе не ја кријат љубовта, еве што ги споило!Една од најдобрите српски кошаркарки Ана Дабовиќ откри детали од приватниот живот, за кои не зборува често. Атрактивната бринета нема профили на социјалните мрежи и се обидува да ја задржи интимноста за себе, исто како и љубовната приказна во која вплови со ватерполистот Илија Муштур. View this post on Instagram A post shared by Ilija Mustur (@musturix) on Sep 6, 2020 at 10:50am PDT Ана моментално игра за Монпелје, а токму во овој француски град игра и нејзиниот емотивен партнер, па двајцата започнале да живеат заедно. Љубовта на овој пар цветаше за време на короната, а популарната кошаркарка откри што најмногу ги споило. -Најмногу не поврза тоа што уживаме во малите нешта, во секојдневните нешта, ние сме многу позитивни. Еве, велат дека сме вистински позитивен пар, убаво е да се слушне тоа, рече Ана за „Курир“. Ана исто така истакна дека за време на пандемијата сфатила дека Илија е вистинскиот човек за неа и дека особено и се допаѓа тоа што добро се снаоѓа во кујната. Олеснителна околност е што двајцата сме спортисти. Можам да кажам дека сфатив дека тој е вистинската личност за мене, иако можеби е рано да се каже тоа. Сакам да кажам дека тој има решение за сè.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗемјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протестЗемјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство. На протестот земјоделците носат транспаренти преку кои го изразуваат револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во ГостиварТалогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот.Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот. Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат. Филипче, ДУИ и партијата на Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, но затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење. ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите. Талогот од СДС најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме затоа што тие немаат чест и углед. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиониРедок модел на Ferrari Monza SP2, со проценета вредност од 3,7 милиони фунти, било запленето во Лондон за време на викендот. Автомобилот беше еден од 90-те возила што полицијата ги заплени при акцијата против несовесното возење во областите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк. Вкупната вредност на запленетите возила надминува 8 милиони фунти, пренесува BBC News. Скапоценото Ферари ( Ferrari Monza SP2) – модел од кој се произведени само 499 примероци, било запленето само половина час откако по прв пат се појавило на улиците на Лондон. Според информациите од полицијата, возачот бил зад воланот помалку од триесет минути. Утврдено е дека поседувал само привремена возачка дозвола и дека возилото не било осигурено. Модел од овој тип беше продаден на аукција претходно оваа година за 3,7 милиони фунти. Полицијата на лице место запленила петнаесет возила, користејќи овластувања што дозволуваат конфискација без претходно предупредување доколку автомобилот се користи на начин што го загрозува јавниот ред. Главниот инспектор Џеф Татман, кој ја предводеше операцијата, ги објасни мотивите зад оваа акција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05