Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
2Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
ЗдравјеНајтешките повредени од пожарот во Кочани веќе се лекуваат во странствоСо сериозни изгореници на телото, најчесто на горните екстремитети и лицето, но и оштетувања на горните и долни дишни патишта, 50-ина најкритични пацинети повредени во пожарот во Кочани, веќе се сместени во болниците во соседството. &nbСрбија прими 17 пациенти во четири болници. Со воен авион во белградскиот клинички центар и Воената медицинска академија се пренесени 12 пациенти, додека со воени амбулантни возила две болници во Ниш се пренесени уште двајца. Директорот на Клиниката за изгореници во Универзитетскиот Клинички центар на Србија, рече дека состојбата на сите пациенти се следи, и дека неблагодарно е да се даваат прогнози за повредените. -Во текот на ноќта седум пациенти се лекувани во операциони сали. Повредите со кои се здобиле повредените се главно изгореници, кои зафаќаат меѓу два и 28 отсто од површината на телото. Значајно е да се каже дека пациентите покажуваат симптоми на оштетување поради контакт со отровните гасови што се создаваат за време на пожарот.“изјави Србија Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници. 14-мина пациенти се лекуваат во соседна Бугарија, шестмина во воената болница во Варна, неколкумина во Пловдив, а најголем дел, 8 мина се згрижени во болницата Пирогов во Софија. Според директорот на болницата состојбата на сите пациенти е тешка. „Три деца се под 18 годишна возраст – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите пациенти е тешка. Тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план. Сите пациенти биле донесени во тешка состојба со повреди на горните и долни дишни патиша, што е сериозна закана за организмот.“-изјави Бугарија д-р Валентин Димитров директор на Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија. Покрај Бугарија и Србија, петтмина пациенти се пренесени и во Грција, а деветмина Анкара и Истанбул во Турција. Од петтмината пациенти кои се сместени во воентата болница во Солун и болницата Папаниколау, двајца веќе се оперирани, додека според информациите на други двајца им била извршена трахеотомија. „Станува збор за две девојчиња и едно момче кои вчера попладне пристигнаа во болница. Два пациенти беа веднаш однесени на операција, додека третиот беше третиран во одделението за изгореници....“-изјави Грција Димитрис Палицика – Болница Папаниколау. Пациенти примија и Унгарија и Литвалнија, а според најавите, уште 20-тина ќе да бидат испратени на лекување во Словенија, Хрватска и Австрија. Голем број македонски граѓани кои живеат или работат во соседните држави каде има хоспитализирани лица, преку социјалните мрежи нудат помош и бесплатно сместување за семејствата на повредените. Во знак на почит кон загинатите вчера светна и кулата во Белград, а и во текот на денешниот ден голем број личности изразија сочувство, меѓу кои и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
Други спортовиТрагедија во ринг: Борач го фрли судијата, тој почина на самото место (ВИДЕО)75-годишен судија почина за време на натпревар во борење во Мексико откако беше фрлен на подот од борачот Хозе Анхел. Инцидентот го објави порталот „Ацтека Нотицијас“.Според медиумските извештаи, судијата останал неподвижен по ударот, додека гледачите првично мислеле дека сето тоа е дел од претстава, со оглед на тоа што мексиканското борење често вклучува однапред планирани и театарски сцени. Сепак, ситуацијата набрзо станала сериозна. Медицински тим влегол во рингот и се обидел да му помогне на судијата, но лекарите го прогласиле за мртов на местото на настанот. Полицијата го притвори борачот Хозе Анхел, кој се соочува со обвиненија за убиство од небрежност. Властите продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности на овој трагичен настан. Иако мексиканското борење е познато по својата театралност и однапред планираните сцени, повредите за време на настапите не се невообичаени. Овој случај повторно го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на учесниците во случај на сериозни повреди или смрт за време на спортски настани.Тагови: борач судијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗаложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)Рутинската контрола на оружјето во баварскиот град Бергнау се претвори во целосна криза со најмалку едно лице загинато и едно тешко повредено, јавуваат медиумите во Германија.Кризата започна кога двајца локални владини претставници дојдоа во домот на еден маж на рутинска контрола на оружјето. Во ситуација опишана од германските медиуми како „нејасна“, човекот застрелал и убил едно лице, а друго сериозно повредило. Потоа се забарикадирал во својот дом, а на местото на настанот пристигнале големи полициски сили, вклучувајќи и специјални сили. Хеликоптер кружи над Бергнау, а е донесено и полициско оклопно возило. Полицијата им нареди на жителите да останат во своите домови и да ја избегнуваат кризната зона. Портпаролот на полицијата Јонас Краус изјави: „Според досегашните информации, во куќа во Бергнау има маж кој наводно испукал неколку куршуми“. „Франкфуртер Рундшау“ известува дека на полицијата ѝ било дозволено да влезе во зградата и да го извади телото на убиеното лице. Други медиуми објавија дека телото било пред куќата. Пошироката област околу општината Бергау во Баварија, која има население од околу 2.600 жители, е блокирана. Според полицијата, нема опасност надвор од блокираната област.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт. ,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски. Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива. ,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook