Најтешката тиква на светот тежи 1.250 килограми - Канал 5

Најтешката тиква на светот тежи 1.250 килограми

Џиновската тиква, која го доби името Мајкл Џордан, го собори рекордот за најтешка во светот и на својот сопственик Тревис Џинџер му донесе награда од 30.000 долари.

Најтешката тиква на светот тежи 1.250 килограми

Победничката тиква на Џинџер, учител по хортикултура од Минесота, тежи 1.250 килограми, што е за 21 килограм повеќе од претходниот рекордер.

„Добро е чувството“, рече Џинџер на Светското првенство во мерење тикви во Калифорнија.

Тој вели дека тиквата толку пораснала затоа што ја наводнувала и до 12 пати на ден.

Џинџер на 10 април засадил тиква во Минесота и потрошил околу 15.000 долари за нејзино одгледување, пишува sfejt.com.

43-годишниот Џинџер одгледува тикви уште од тинејџерските години и три пати го освојувал првенството во Калифорнија.

Ова интересно натпреварување започна во 1974 година за забава, во Сирклвил, Охајо и Халф Мун Беј, Калифорнија - два града кои се прогласени за престолнини на тиквата во светот.

Организаторите велат дека овие натпревари се нешто како Superbowl на натпревари за мерење на тиква ширум светот во однос на популарноста.

„Овогодинешната победничка тиква го носи името Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња, бидејќи таа е најдобрата тиква на сите времиња досега“, рече Џинџер.

Тој додаде дека на почетокот тиквата личела на баскет, а Џордан носел дрес со број 23, што се совпаѓа со годината 2023 во која тиквата стана светски шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Вчера, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. 

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи.

За овие клучни медицински теми, пред присутните говореа еминентни експерти: проф.

д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Посебен белег на трибината остави обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го сподели своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот.

-Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври, соопштуваат од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер