Најстудено во Берово, најтопло во Маврови Анови и Виница - Канал 5

Најстудено во Берово, најтопло во Маврови Анови и Виница

 Најстудено утрово е во Берово, 2 степена Целзиусови, а максимални 10 степени се измерени во Маврови Анови и Виница.

Најстудено во Берово, најтопло во Маврови Анови и Виница

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 4 степени се измерени во Струмица и Битола, 5 во Скопје–Петровец, Крива Паланка, Велес и Штип, 6 во Тетово, Гевгелија, Прилеп, Демир Капија и Попова Шапка, 7 во Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Лазарополе, Кавадарци и Претор, 8 во Крушево и 9 во Охрид.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од Катовице

Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од Катовице. Растот на македонските аеродроми од 31 % е најголем во регионот.

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од Катовице

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројката од 3,5 милиони патници на годишно ниво.

“ Овие две нови линии ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои што доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои што ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот. Утрово слета првиот лет од Вроцлав од Полска, целосна нова дестинација која што никогаш претходно не оперирала во Македонија, а на 9 јуни во вторник ќе слета и првиот лет од Катовице исто така од Полска. Охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска, отвараме две значајни рути кои што ќе значат дека полските туристите можат да го посетуваат Охридскиот регион, да го посетуваат Охрид, Струга, Дебарца, локалните економии овде да растат и туризмот да расте, но исто така овие летови не се само туристички, овие летови не се само сезонски, тие треба да донесат дополнителна вредност на целиот овој регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела повторно почнува да лета дестинацијата Белград-Охрид и Истанбул-Охрид, тогаш веќе приказната се заокружува. Бројките се одлични, бројките се, би рекол неочекувани”- истакна вицепрeмиерот Николоски.

Тој се заблагодари на одличната соработка со ТАВ и пратениците во Собранието кои имаат свој придонес во реализација на владините политики за развој на авиосообраќајот и додаде дека нова цел е бројот на патници да надмине 4 милиони годишно.

“ Имаме далеку фантастични бројки, а тоа е дека во периодот јануари-мај оваа година, споредено со 2025 година, имаме раст од 31,2%, што не можете да го најдете на ниедни други два аеродроми. Тоа е доста сериозен раст, а ако споредиме дека минатата година имавме исто така доста сериозен раст, затоа што прв пат Македонија помина 3 милиони патници, тоа е една додадена вредност. Jaс минатата година реков дека е добро да се бориме во следните две до три години да стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници, но со ова темпо ние оваа година ќе стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници и ќе си поставиме нова цел, тоа е за неколку години да стигнеме и до 4 милиони патници, што мислам дека е врв за нашите два аеродроми имајќи предвид дека државата е од милиони и 800 илјади жители и бројот на патници далеку ќе го надмине бројот на жители” – истакна вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее

СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени и им смета секој меѓународен напредок и дипломатски успех.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава.

СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

Тоа му предизвикува голема нервоза на Филипче, продолжената рака на Зоран Заев кој е познат по најголемите национални предавства, па сака да го надмине неговиот ментор, па секој ден бара уставни измени и со тоа и редефинирање на историјата.

Само во една недела Македонија доби признание за двегодишната посветена работа на Владата и силна потврда за правилната насока во која се движи државата.

Прво, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, од Скопје испрати јасна порака дека државата има видлив напредок во исполнувањето на Реформската агенда, па потоа следеше изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година.

Ова се случува прв пат од независноста на Македонија и е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет и меѓународна потврда за државата.

Паралелно со тоа, се усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој испраќа важна порака дека државата останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО.

А, тука не смее да го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот процесот со Советот на Европа, со што се потврдува дека Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

Голема и јасна е разликата меѓу СДС на Заев и Филипче и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати, за разлика од СДС и Филипче кои спроведуваат туѓа агенда.

Додека владата ја позиционира Македонија како достоинствена и почитувана европска држава, Филипче е спремен на се само некој да го донесе на власт, па затоа повеќе дури и од Бугарија, бара уставни измени.

Државата оди напред, достоинствено се претставува и се развива, само на СДС и Филипче, кои не сакаат државата да успее, тоа им смета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп: Ден посветен на Дејан Дуковски

Ден посветен на Дејан Дуковски, автор во фокус - промоција на драми, изложба, разговор.

60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп: Ден посветен на Дејан Дуковски

Дејан Дуковски, автор во фокус на 60. јубилејно издание на фестивалот, ќе биде во фокус на програмата на фестивалот денеска. Програмата во негова чест ќе започне во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со краток настап на студенти на ФДУ, кои работеа со режисерката Шенај Мандак. Ќе следува отворање на изложба на постери од претстави поставени според драмските текстови на Дуковски по цел свет. Авторка на изложбата е Јасмина Алексова.

Веднаш потоа ќе следува промоција на двете книги со драми на Дуковски, во издание на „Арс Ламина“. Ќе се обратат уредничката на книгите, Оливера Ќорвезироска и Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот и авторка на поговорот.

Изданијата, насловени „ДРАМИ – Книга 1“ и „ДРАМИ – Книга 2“, се објавени во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, под импринтот „Арс Либрис“. Во првата книга се застапени драмите: „Балканот не е мртов“, „Буре барут“, „Маме му ебам кој прв почна“, „Другата страна“ и „Празен град“. Во неа има и впечатлив предговор од Слободан Унковски, нашиот истакнат режисер, кој тесно соработува со Дуковски уште од неговите почетоци.

Втората книга ги содржи: „Утерус“, „Изгубени Германци“, „Дух кој оди“, „Последниот балкански вампир“ и „Црно злато (Опиум или Пари)“ – најновиот драмски текст на

Дуковски, кој годинава ја имаше својата праизведба во Белград, а до крајот на годинава ќе биде поставен и на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Двете книги „Драми“ претставуваат значаен придонес за македонската книжевна и театарска сцена – можност новите генерации да го откријат, а постарите читатели одново да му се навратат на еден од најмоќните драмски гласови кај нас.

Вечерва на програмата се две претстави од официјалната програма - „Чечинџ“ на Јане Спасиќ, на Театар за деца и младинци во 19 часот на сцената 105. Во претставата играат: Никола Наковски, Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Ненад Митевски и др.

Во 21 часот ќе следува „Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо, во режија на Ивана Ангеловска, на Штипскиот театар. Играат: Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонов, Никола Кузелов, Стефанија Митовска и Ава Хусеини.

Вчера започна и пичинг-форумот „Драмолетање 2.0.“, како простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на авторите со театарските институции и продукции. Авторите Катерина Момева (текст „Сингл“), Габриела Стојаноска Станоеска („Трудници“) и Мартин Миљев („Летај Исак, не застанувај“) на првиот ден од работилницата, заедно со продуцентот Петар Антевски учеа како да го презентираат својот драмски текст пред продуцентите, режисерите.

Во воведното обраќање Ана Стојаноска, уметнички директор на Фестивалот, која и самата пишува драмски текстови, изрази лично жалење што не може да учествува на конкурсот за драмски текстови „Драмолетење 2.0“, но истакна дека е многу важно што има нови гласови кои никако да стигнат до театарската сцена.

- На студентите во четврта година им задавам задача да истражуваат и да бараат нови автори. Се надевам со прилепскиот инает и упорност на сите дека ќе стигнеме до авторот и ќе се оствари патот - рече Стојаноска.

Петар Антевски, на работилницата откри како тој ги претставува драмските текстови, односно кој шаблон го користи, дека е најважно на кус начин да се стигне до „слушателите“ на драмскиот текст.

- Се започнува со „кука“ односно со јадица, а тоа е еден интересен дел да го привлече потенцијалниот продуцент или режисер - рече Антевски, потоа објаснувајќи дека на „слушателот, после куката му се дава административната лична карта на драмскиот текст. Низ четири одговори - како се вика драмскиот текст, за што се зборува во текстот, што е по форма и основната тема, треба да се објасни во една реченица. После ова, според него, следи срцето на приказната, а откако ќе се зададе темата, се презентира конфликтот односно заплетот. Слушателот сака кусо и со една реченица да биде заинтригиран.

Фестивалот и годинава ги става во фокус Прилеп и неговите театарски вредни уметнцици. Вчера беа отворени две изложби посветени на актерите Лидија Иваноска, Трајче Иваноски и Благоја Ивчески, актер и режисер.

Фотографии, лични работи, исечоци од написи во весници се дел од интимните изложби што се поставени во „Тротоар“ и во „Лувр“ за време на фестивалот. Членовите на семејствата на овие уметници изразија благодарност до фестивалот за укажаното внимание. Актерот Ивчески, видно емотивен рече дека и е среќен за ова внимание, но и тажен зошто дочекал на 60 години од фестивалот да има клуч на вратата на Театарот „Војдан Чернодрински“.

Вчера се одржа и првата тркалезна маса на претставите од официјалната програма. За претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, на Драмски театар, зборуваа актерите Александар Степанулески, Филип Трајковиќ и Златко Митрески. Тие се осврнаа на предизвикот да се игра по нов текст чија база се наоѓа во култниот „Диво месо“ и претставува еден вид коментар на времето денес. Модераторот Звонко Димоски направи одличен пресек на претставата, посочувајќи ги најважните места во неа. Степанулески истакна дека се труделе да избегаат од „Диво месо“ во градењето на ликовите. Во однос на темите, денеска еден автор има поголем предизвик кој проблем да не го опфати во текстот, додека во „Диво месо“ се гледаат многу помалку проблеми од времето во кое е создадена.

-Живееме во паралелни светови. И се што е банално и делува нереално, е всушност реалност. Затоа и претставата лесно допира до публиката. Живееме во ремек-недело на живеење - рече Степанулески и додаде дека соочувањето со себе е една од најважните линии во оваа претстава.

Филип Трајковиќ посочи дека тоа што и приватно се познаваат актерите дека им помогнало многу во процесот на создавање на ликовите. Прикажале едно семејство кое може да биде кое било. Ликовите покажуваат дека сите ние како да сме еден ист лик од едно семејство и кај секого на различен начин се има порив за борба.

Златко Митрески кој е чиновник во претставата истакна дека низ неговиот лик се гледа системот што го имаме денес, невозможноста лесно да е заврши одредена админситративна работа без компликации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер