3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МетеоНајстудено утрово во Маврово со температура од 4 степениУтрово најстудено беше во Маврови Анови каде беа измерени три степени. На Попова Шапка 4, Крива Паланка 5, Берово 6, Лазарополе, Kрушево 7, Скопје-Петровец, Кавадарци 8, Охрид, Куманово, Прилеп, Виница, Струмица 9, Претор, Тетово, Битола 10 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија 11, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и снежна покривка од 25 см. Времето денеска сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“.На средбата присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 година, селективно се применува од страна на институциите на централно и локално ниво. Поради тоа, тие се соочуваат со дискриминација во остварувањето на законски утврдените права врзани со вработувањето, напредувањето, бесплатните здравствени услуги и бесплатното факултетско образование за нивните деца. Тие ја информираа претседателката дека не се спроведуваат дури ни правосилните судски пресуди, донесени во нивна корист. Претставниците на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“ укажаа на потребата од измена и дополнувања на законот, за нивните посебни права, заради прецизирање на решенијата и унапредување на нивните бенефиции. Според Сиљановска-Давкова, укажувањата и забелешките на бранителите заслужуваат должно внимание од надлежните институции, како и почитување на еднаквата примена на законот за сите. Таа вети дека Кабинетот ќе ги информира надлежните органи за презентираните проблеми, укажувајќи на нужноста од почитување и спроведување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и пресудите. За претседателката, придонесот на бранителите не смее да биде заборавен ниту занемарен, туку мора да се почитува и валоризира.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОва се последиците од разорното торнадо во САД: Застрашувачки снимки го обиколија светотСтотици илјади луѓе останаа без струја откако торнада и бури го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, а најмалку едно лице загина во бурата, објавија денес американските медиуми.Бурата оштети неколку згради и доведе до откажување на летови, објави „CBS News“. Неколку торнада ја погодија областа во близина на Чикаго синоќа, а вкупно 11 градови во државите Илиноис и Висконсин ги пријавија. Според службата за следење на комуналните услуги, „PowerOutage.us“, повеќе од 221.000 клиенти беа без струја во Илиноис до петок наутро. A massive tornado that spun through a city in north central Illinois on Thursday, June 11, was captured up close by a local resident. Valeria Moore filmed this dramatic footage of the monster tornado, which she said passed only about three quarters of a mile from her house in… pic.twitter.com/9MZra9K03K — ABC 7 Chicago (@ABC7Chicago) June 12, 2026 Во градот Де Мојн, Ајова, 54-годишен маж почина во среда во камп за бездомници откако беше удрен од дрво кое се скрши и падна за време на бурата, соопшти полицијата. Мажот беше пронајден тешко повреден во четврток наутро и почина на местото на настанот, соопштија властите. Пред да удрат торнадата, Центарот за предвидување на бури на Националната метеоролошка служба го зголеми предупредувањето за силна бура на ниво 4 од 5. Strong wind gusts hit Chicago, Illinois, USA 🇺🇸 (10.06.2026) pic.twitter.com/Fx6dHmsmRR — Disaster News (@Top_Disaster) June 11, 2026 Според „CBS News“, ова е прв пат Чикаго да се соочи со такво ниво на ризик од 15 јули 2024 година, кога областа беше погодена од рекордна серија од 32 торнада. Ова ниво на ризик обично се случува еднаш на секои две години. Силните бури, исто така, ги заземјија летовите 🌪 Merrillville, Indiana Tornado Damage🌪️ A destructive tornado tore through Merrillville, Indiana, on June 11, 2026, causing severe damage across the area. Reports indicate 10–20+ homes were heavily damaged, with some homes partially wiped out, cars tossed, gas leaks reported,… pic.twitter.com/aRZBkBq0nb — Chicago & Midwest Storm Chasers (@ChicagoMWeather) June 12, 2026 Силните бури ги заземјија летовите на меѓународните аеродроми О'Хара и Мидвеј во Чикаго во среда и четврток. Повеќе од 1.000 летови беа одложени или откажани, според веб-страницата за следење на летови „FlightAware“. Летовите беа одложени или откажани и на аеродромите во други градови, вклучувајќи ги Филаделфија, Њујорк и Њуарк, Њу Џерси. Националната метеоролошка служба доби повеќе од десетина пријави за торнада низ северниот дел на Мисури, Ајова, Канзас и Илиноис. „Комонвелт Едисон“, кој обезбедува електрична енергија во северен Илиноис, соопшти дека бурите собориле столбови и жици за електрични инсталации, а на мрежата „X“ соопшти дека се очекува електричната енергија да биде вратена за 80 проценти од корисниците до 23 часот во сабота. Штети се пријавени и на аеродромот „Абрахам Линколн Капитал“ во Спрингфилд. Извор: Б92Тагови: САД Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена локална облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени. До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook