Уапсен екс претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски поради сомнеж за финансиски малверзации,осомничени уште 17 лица
Никола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“
1Уапсен екс претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски поради сомнеж за финансиски малверзации,осомничени уште 17 лица
2Никола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“
МетеоНајстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје - Зајчев Рид Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус четири степени, а највисоката во Скопје - Зајчев Рид, четири степени.Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово се измерени минус четири степени, Маврови Анови минус два, минус еден степен е измерен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Kрушево, еден во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор, два во Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци и Гевгелија, три во Виница, Штип, Тополчани, Демир Капија и четири во Скопје-Зајчев Рид. Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар. Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава„Жешко“ на трибините: Никој не гледа фудбал поради навивачка на Конго (ВИДЕО)Натпреварот помеѓу Конго и Португалија заврши без победник (1:1), но резултатот на семафорот беше донекаде засенет од една атрактивна дама на трибините која стана апсолутен хит на социјалните мрежи.Додека играчите се бореа на теренот, вниманието на сите присутни, како и на ТВ камерите, го украде атрактивна конгоанска навивачка. Опремена со знаме и облечена во минијатурен син топ кој едвај ги држеше нејзините бујни облини, оваа убавица не штедеше енергија бодрејќи ги своите момчиња. Sorry Ronaldo but we will be supporting DR CONGO tonight 🥹🇨🇩 pic.twitter.com/1ZIoUIUU1E — 𝒎𝒐𝒆. (@moe4demm) June 17, 2026 Во моменти на еуфорија, по постигнатиот гол на крајот од првото полувреме, таа почна енергично да скока, а оваа глетка никого не остави рамнодушен. Нејзините величествени гради „танцуваа“ во ритамот на навивањето, што предизвика вистински транс кај навивачите во нејзина близина. Con razón los jugadores de la República del Congo andan motivados. 🇨🇩🥵 pic.twitter.com/NRUVVUGCTx — San Yorch (@Sanyorchv) June 17, 2026 Камерата ги сними лицата на мажите околу неа кои буквално не знаеја каде попрво да погледнат - кон теренот или кон нејзиното деколте кое се закануваше да „експлодира“. Иако Конго успеа да ремизира против моќната Португалија и одигра 1:1, се чини дека овој натпревар ќе се памети исклучиво по „најсилните атрибути“ од трибините што го запалија интернетот. Dr Congo babes are also pretty😍 pic.twitter.com/H9ufh9egHg — VICK MELLY🇰🇪 (@darrenvickmell3) June 17, 2026 И не само таа, туку и другите навивачи на овој африкански тим кои доминираа на трибините.Тагови: Конго трибините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаУапсен екс претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски поради сомнеж за финансиски малверзации,осомничени уште 17 лица Акција, приведувања и сомнеж за проневера на речиси 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија. Обвинителството отвори истрага против 18 физички и осум правни лица, меѓу кои и поранешните претседатели на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини. Во координирана акција на ОЈО ГОКК, МВР и Финансиската полиција денеска беа приведени 12 лица, додека петмина се недостапни. За десет лица ќе биде побаран притвор, а за седуммина мерки на претпазливост. Сејдини веќе се наоѓа во притвор во друга постапка. Според истрагата, Ѓорѓиоски во периодот од 2015 до јули 2018 година, заедно со раководителката на финансии, присвоил над 2 милиони евра, додека Сејдини од јули 2018 до октомври 2019 година уште околу 870 илјади евра. Обвинителството се сомнева дека парите биле извлекувани преку исплати кон компании врз основа на фиктивни фактури, а потоа преку сметководствени манипулации биле прикривани трагите за нивното трошење. - Двајцата осомничени претседатели на ФФМ, во различни временски периоди, иако биле должни да обезбедат законито, економично, наменско и транспарентно користење на финансиските средства и да вршат контрола над финансиското работење на федерацијата, одобриле и потпишале вкупно 728 налози за исплата доставени од страна на осомничената раководителка. Со тоа овозможиле исплата на парични средства без целосна и валидна финансиска документација и без претходна проверка на основаноста и намената на исплатите. Постапувајќи спротивно на член 92 од Статутот на ФФМ и член 6 од Правилникот за организација на ФФМ, тие предизвикале штета на Фудбалската федерација на Македонија во вкупен износ од 180.802.365 денари.“ - Велат од ОЈО ГОКК. Со реакција за денешната акција се огласија и од ФФМ. - Осомничената раководителка изготвувала налози за исплата кои биле доставувани до одговорните лица во ФФМ за одобрување и потпишување. На овој начин на ФФМ ѝ била причинета штета во наведениот износ, додека правните лица се стекнале со противправна имотна корист. Потоа, средствата прибавени со кривичното дело биле примани, раситнувани, пуштани во оптек и користени во финансискиот промет со цел прикривање на нивното незаконско потекло. -ФФМ. Под истрага се и повеќе сопственици и управители на компании осомничени за перење пари и прикривање на потеклото на средствата. Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
ФудбалИнфантино воодушевен - над милион луѓе на трибините Првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино се пофали - дека нешто над милион луѓе ги гледаа 16-те натпревари од Светското првенство одиграни досега во САД, Мексико и Канада од трибините на стадионот.Официјално, милионитиот гледач беше Арон Бен, со кого претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се фотографираше на еден од стадионите како спомен и долго сеќавање. Во меѓувреме, Светската фудбалска федерација објави дека 1.028.429 навивачи присуствувале на 16-те натпревари на Светското првенство, што е 99,34% од капацитетот на сите стадиони каде што се играа натпреварите од првото коло. Трибините не беа полни на натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка, односно Швајцарија и Катар, и тоа очигледно беа единствените натпревари каде што одредени делови беа слабо пополнети, судејќи според официјалните бројки на ФИФА. „Голема благодарност до сите наши страствени навивачи кои продолжуваат да доаѓаат на стадионите. Го оживеавте најинклузивното Светско првенство досега“, напиша Инфантино со фотографија со „милионитиот навивач“. Од друга страна, Европската асоцијација на навивачи на фудбалот (FSE) предупредува на ризиците со оглед на тоа што навивачите на националните тимови не се доволно одвоени за време на натпреварите. „Загрижувачкото е што при купување и препродажба на билети, ФИФА не знае точно кој навивач е во кој сектор. Затоа постои поголем ризик од кога било навивачите на Тимот А да се најдат во средината на толпата навивачи на Тимот Б“, изјави за Би-Би-Си извршниот директор на FSE, Ронан Евен. Сепак, ФИФА го истакна фактот дека најлојалните навивачи на националните тимови се заедно на стадионите поради претходната распределба на билетите на навивачите на земјите учеснички по локација.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter