Најстариот Британец наполни 110 години: Доби честитка од кралското семејство - Канал 5

Најстариот Британец наполни 110 години: Доби честитка од кралското семејство

Најстариот жител на Велика Британија, Доналд Роуз го прославува својот 110 роденден, со настап на некои познати изведувачи и кралска честитка.

Најстариот Британец наполни 110 години: Доби честитка од кралското семејство

Роуз, ветеран од Втората светска војна и учесник во истоварувањето во Нормандија, рече дека „денес е најдобриот ден што некогаш го имал“, пренесе Скај њуз.

Тој доби картичка од кралот и кралицата, која гордо ја покажа.

„Доналд има прекрасен карактер и е вистинско национално богатство“, изјави градоначалничката на Ереваш, Кејт Фенели, која го посети на неговиот роденден.

Роуз, кој е роден во 1914 година во Весткот, Сари, го прослави својот роденден во старечки дом со настап на членовите на познатата женска пејачка група „Д-Дејлингс“, кои стигнаа до финалето на натпреварот „Британија има талент“.

Воениот херој беше меѓу 200 ветерани и нивните гости кои присуствуваа на божиќниот прием во палатата Сент Џејмс на 5 декември, чиј домаќин беше војводата од Глостер.

Роуз служеше како снајперист во Северна Африка во Втората светска војна и учествуваше во ослободувањето на Италија и Франција.

За време на службата доби голем број одликувања, меѓу кои и Легијата на честа - највисокото признание на Франција.

Тој во својот живот работел како возач на камион и собирач на ѓубре, а се преселил во Дербишир во 2000 година по смртта на неговата сопруга, за на 106-годишна возраст да стане жител на старечки дом во Илкестон.

Тој стана најстариот маж во Велика Британија на 25 ноември, по смртта на 112-годишниот Џон Тинисвуд.

Најстариот човек на светот е 116-годишниот Јапонец Томико Итука.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица - фаза 2 и 3

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, г-ѓа. Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари 

Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица - фаза 2 и 3

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, г-ѓа. Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична енергија“.

Проектот претставува важен чекор кон унапредување на земјоделството.

Грантот ќе го имплементира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку постојната единица за имплементација на проектот финансиран од Светската банка за модернизација на земјоделството, додека краен корисник ќе биде ЈП Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип.

Имплементацијата ќе се реализира во период од 18 месеци, од 1 јули 2026 година до 31 декември 2027 година.

Со реализацијата на проектот ќе се обезбеди сигурно и одржливо водоснабдување за земјоделските површини, што значи поголема продуктивност, поквалитетни приноси и поголема конкурентност на македонското земјоделство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

 Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, очекуваме бројот да достигне до 3,5 милиони патници .

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова лето, изјави:

„Политиката на субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, продолжува. Отворивме неколку, десетици такви би рекол, во изминативе две години и тоа е резултатот. Бројката оваа година очекуваме да достигне до 3,5 милиони патници. Веќе двоцифрен број проценти аеродромите забележуваат зголемување. Во одредена мера, да речеме скопскиот имаше и до 30% зголемување споредено со истиот период од минатата година. Така што продолжуваме со оваа политика на отворање на нови авиолинии и онаму каде што има интерес ,како што вие ги споменавте дестинациите, продолжуваме со поддршка на тие линии. За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот. И она коешто сакам да кажам, во услови на најголема светска криза, енергетска, во услови кога сите ги затвараат своите граници, ние со керозин од Македонија, снабдувавме неколку регионални аеродроми од тука.“истакна македонскиот премиер Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Турција. 

Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција

Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието.

Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наредната недела ќе се одржи во Анкара, Турција.

Воведно обраќање на Самитот имаше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, кој е и домаќин на Самитот на ПС на НАТО. Тој истакна дека се соочуваме со еден од најранливите периоди од безбедносен аспект, но потенцираше дека НАТО сојузниците остро ќе се спротивстават на агресорите и дека ќе го бранат секој метар од територијата на сојузниците. Претседателот Куртулмуш, во своето обраќање, ја реафирмираше поддршката на Украина, се осврна на состојбите на Блискиот Исток и го нагласи значењето на парламентите на земјите членки во јакнењето на НАТО.

Пред присутните се обрати и претседателот на ПС на НАТО, Маркос Перестрело, кој изрази благодарност за ангажманот на Турција во ПС на НАТО и за одличната организација на Самитот. Тој потенцираше дека НАТО гради посилна и поотпорна Европа како основа за посилно трансатланско сојузништво. Воедно, изрази убедување дека НАТО сојузниците на Самитот во Анкара ќе демонстрираат подготвеност да ги реализираат обврските и заложбите што ги имаат преземени за посилно НАТО.

Свое обраќање имаше и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, која оцени дека безбедносните закани и инциденти кои изминатиов период беа успешно превенирани се доказ дека НАТО е силен и ја брани сопствената територија. Затоа, додаде таа, мора да се осигураме дека НАТО одбраната ќе остане силна. Таа изрази очекување на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, сите сојузници да дојдат со реални планови за исполнување на обврската за пет проценти од БДП да бидат инвестирани во одбраната.

Претседателот Гаши во своето обраќање истакна дека во денешниот свет, обележан со неизвесност, дезинформации и геополитички турбуленции, улогата на парламентите е поважна од кога било. Тој потенцираше дека Самитот во Анкара мора да испрати силна политичка порака: НАТО е обединет, трансатлантската врска останува силна, а членот 5 и понатаму е темелот на нашата колективна безбедност.

„Светот брзо се менува. Затоа НАТО мора да остане не само силен, туку и агилен и подготвен за брза реакција, со стратешка визија и процеси на спроведување кои ќе одговараат на темпото и сложеноста на заканите со кои се соочуваме “, истакна претседателот Гаши и додаде дека Македонија е сојузничка членка на НАТО, лоцирана во стратешки чувствителен регион и затоа е од суштинско значење да продолжат инвестициите во Западен Балкан преку понатамошно проширување, продлабочување на партнерствата и зајакнување на иницијативите за безбедносна соработка.

Претседателот нагласи дека Македонија продолжува да ја поддржува Украина, но додаде дека и случувањата на Блискиот Исток имаат значајни последици врз меѓународниот мир и безбедност, енергетските пазари и хуманитарните услови и затоа мора да продолжат дипломатските напори за деескалација и промовирање на дијалогот.

Во своите обраќања, претседателите на парламентите и претставниците на парламентите на НАТО сојузниците ја реафирмираа нивната поддршка кон Украина.

На свечениот ручек се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој истакна дека одржувањето на овој Самит на ПС на НАТО, особено во овие тешки безбедносни времиња, е симбол на соработката и сојузништвото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер