Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
1Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
2 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотНајсреќниот човек на светот- „Супер Марио“ живее 20 години на крузер (ВИДЕО)Марио Салседо живее на крузери во последните 20 години, нарекувајќи се себеси најсреќниот човек на светот.Салседо поминал 21 година како финансиски директор на мултинационална компанија, а според неговите сопствени проценки поголемиот дел од тоа време го поминал на патување. Ваквиот начин на живот, обележан со постојани летови со авион, во еден момент го изморил и решил да направи радикален пресврт во животот. Предвремено се пензионирал и решил остатокот од животот да го помине во патување, но овој пат исклучиво за свое задоволство. Заситен од авионски патувања, Марио решил да патува со брод, а својот нов дом го нашол на бродовите за крстарење. „Бев болен и уморен од авиони“, изјавил тој за Mental Floss, додавајќи дека во Мајами, каде што живеел во тоа време, постојано гледал крузери во пристаништето и секогаш бил љубопитен за тоа како е да се плови со нив, и кога се качил прв пат, знаел дека сака да крстари до крајот на животот. View this post on Instagram A post shared by Royal Caribbean International (@royalcaribbean) Тој го започнал своето прво патување во 1997 година, а при следните три, Салседо ги испробал речиси сите крстарења и бродови што можел да ги резервира, барајќи ја вистинската комбинација на удобност, атмосфера и уживање. Тој пловел до Скандинавија, Јужна Америка и Европа, грицкал храна и комуницирал со екипажот. Во јануари 2000 година, стапнал на Voyager of the Seas, во тоа време најголемиот брод на Royal Caribbean. Имало иновативни атракции, како што се ѕид за качување, дарежливи награди за лојалните патници и персонал кој бил срдечен со Салседо. „Ми требаше стабилност. Ја избрав линијата за крстарење за која мислев дека е најдобра, и се случи да биде Ројал“, рече тој, додавајќи дека обично има 15 или 20 луѓе на секое крстарење со кои се спријателувал на минатите патувања. Салседо го добил прекарот Супер Марио за време на неговиот живот на крузерите, а не бил на брод само за време на забраната за пловидба поради пандемијата на коронавирус. Тој вели дека животот на крузер има многу придобивки. „Не морам да го вадам ѓубрето, не морам да чистам, не морам да си ги перам алиштата. Ги елиминирав сите активности со додадена вредност, па го имам целото време на светот на располагање за работи во кои уживам“, изјавил тој за Њујорк Тајмс. Важи за најсреќниот човек на светот иако е сингл. Тој вели дека лесно се спријателува со екипажот, но никогаш не оди на организирани патувања со групи патници. Повеќе сака да ужива во кујната на бродот, во цигарата во бродскиот бар, да чита, да сурфа, да планира нови дестинации, вечерните часови на концерти на крузерот, но и во пливање и нуркање. Салседо вели дека животот на море, како што си избрал, сепак има некои недостатоци. „Секој од пријателите што ги имав на копно прилично се откажаа од мене. Тоа е еден од недостатоците. Никогаш не сум дома, така што вашите односи едноставно венеат“, рече тој, додавајќи дека е невозможно да не изгубите контакт со реалниот свет кога живеете на крузер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска владаПоразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ синоќа прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првите процени на ЦЕСИД и ИПСОС покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите и дека би можела да обезбеди самостојно мнозинство во народното собрание. Според проекциите, студентската листа би освоила приближно 138 пратенички мандати, додека листата на александар Вучиќ околу 104. За парламентарно мнозинство во Србија се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници. Поразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ХороскопДневен хороскоп за 26. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав ЛабудовиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook