3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
ЗабаваНајсмешни моменти од наградите Греми: Бијонсе се крие, Мајли ја бара публиката (ВИДЕО)Синоќа се одржа церемонијата на доделување на Греми наградите, а на нив имаше бројни смешни ситуации.Мајли Сајрус се збунила кога видела фотографи на црвениот тепих како користат iPhone. Miley Cyrus confused at paparazzi using iPhones instead of cameras at the red carpet “iPhones?! What is that?” 😭pic.twitter.com/wZY0MmJ0lR — Miley Cyrus Updates (@MileyCyrusBz) February 5, 2024 Мајли и среде настап ја повика публиката што не ја пеела песната Flowers со неа. "why are you acting like you don't know this song" LMFAOOOOO MILEY😭😭😭😭😭pic.twitter.com/uHTTx7Mgkq — 𝗱𝗮𝗻𝗻𝘆🫧💚 (@beyoncegarden) February 5, 2024 Водителот Тревор Ноа се пошегува на сметка на ТВ камерите што ја прикажуваат Тејлор Свифт на екранот за време на натпреварите во НФЛ, што ги налути некои љубители на американскиот фудбал. Кога Ноа ја кажа шегата, камерата го префрли фокусот на Тери Круз. Trevor Noah is killing it as the Grammy's host. This is how you make a joke with Taylor as a punchline. He then went on to lift up Doja Cat, Olivia Rodrigo, Billie Eillish.... He's generating laughter AND love without misogyny. 🫶🫶🫶🫶 pic.twitter.com/6JTYUoxswN — Kristie (Kathy/Jane Doe 2) (@janefortruth) February 5, 2024 Тревор се пошегува и за влијанието на Тејлор Свифт врз економијата. Speak of Taylor Swift and she appears, Trevor Noah jokes that as she moves through the crowd the "local economy around those tables improves." pic.twitter.com/fJ4Eu9U6JM — Entertainment Tonight (@etnow) February 5, 2024 Раперот СЗА одржа трогателен говор при примањето на наградата. — SZA’S ACCEPTANCE SPEECH AFTER WINNING A GRAMMY FOR SNOOZE, THE EMOTIONS ARE SO HEAVY RIGHT NOW. #GRAMMYs pic.twitter.com/mAKo8Kc1H6 — ✧✶ ★・ˎˊ˗ (@CELESTlALY) February 5, 2024 Џеј Зи ги прозва организаторите дека на неговата сопруга Бијонсе никогаш не ѝ доделиле Греми за албум на годината. Потоа ја искористи својата награда како чаша. JAY-Z turns his GRAMMY into a drink cup after using his speech to call out The Academy on Beyoncé's behalf. pic.twitter.com/3Srr2mUlRx — BEYONCÉ LEGION (@BeyLegion) February 5, 2024 Бијонсе задоцнила на церемонијата, а кога пристигнала се сокрила од камерите зад голема капа. GIRL WHY IS BEYONCÉ HIDING LMAOOOOOO pic.twitter.com/GPHYeSgJyH — ayeewill (@yourgirlayedub) February 5, 2024 Кога танчерката ѝ пријде на Дуа Липа и ѝ кажа да танцува, пејачката покажа како може да ги движи колковите. She said “YOU 🫵🏾” Dua hopped to itpic.twitter.com/inKCznWlk8 — ♊︎ (@haworthes) February 5, 2024 Мајли Сајрус го заврши својот говор со зборовите: „Мислам дека не заборавив никого, но можеби заборавив да ја облечам долната облека“. “I don’t think I forgot anyone, but i might’ve forgotten underwear” MILEY CYRUS ALWAYS GONNA BE ICONIC #GRAMMYs #GRAMMYAWARDS #Grammy #MileyCyrus #mileycirus pic.twitter.com/qtBfHwpDf9 — South One (@SouthOneNews) February 5, 2024 Flavour Fav се дружеше со неговите омилени колеги од бендот Boygenius. Getting educated on the genius of Boy Genius. 🤷🏾♂️ pic.twitter.com/ILd0O3yaWm — FLAVOR FLAV (@FlavorFlav) February 5, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ФудбалЗлатко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селекторНа денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“. Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година. Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година. „Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот. Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир. Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити. Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините, На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради. Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија. Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол. Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенствоМегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS. Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“. Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ. Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00