Најследениот Јутјубер со реакција на веста дека починал: Зошто сте ставиле 100.000 лајкови? - Канал 5

Најследениот Јутјубер со реакција на веста дека починал: Зошто сте ставиле 100.000 лајкови?

Најследениот Јутјубер Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, морал јавно да реагира откако на Твитер се проширила објавата дека починал.

Најследениот Јутјубер со реакција на веста дека починал: Зошто сте ставиле 100.000 лајкови?

MrBeast, кој го следат повеќе од 137 милиони луѓе на YouTube, видел објава на Твитер во која одреден корисник по име ExtremeBlitz ги уверува луѓето дека MrBeast починал, а објавата ја лајкнале повеќе од 171 илјади луѓе и ја прегледале повеќе од 14 милиони.

„Не можам да поверувам дека MrBeast умре. Почина прерано човече. Никогаш нема да те заборавиме легендо“, напишал твитераш, веројатно не сфаќајќи дека неговата објава ќе стане вирална.

После тоа се огласи и Доналдсон. „Друже, зошто оваа објава има над 100 илјади лајкови?“ Доналдсон се прашува преку својот Твитер профил.

После тоа, авторот на лажната вест го контактирал со коментар: „Брат, стана од мртвите само за да ми одговориш на твитот. Ќе го избришам ако ми испратиш 10.000 долари“.

После тоа Доналдсон повеќе не го контактирал, а сите објави останале јавно достапни за сите на Твитер. Сепак, првичната најава за лажната смрт била забележана дека „нема извор кој потврдува дека Џими Доналдсон починал“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Вооружен напад во Калифорнија во продавница за костими за „Ноќта на вештерките“.Полицијата трага по напаѓачите.

Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавница за костими за Ноќта на вештерките, лоцирана во трговски центар во Ферфилд, Калифорнија.

Пукањето се случило во продавницата „Ghost of Halloween“ во трговскиот центар „Solano Town Mall“ во Ферфилд, додека луѓето ги вршеле последните подготовки за популарниот американски празник. Едно лице загинало на самото место, додека шестмина ранети биле итно пренесени во болница.

Тројца од ранетите се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Пред продавницата пристигнале голем број полициски возила, а просторот бил блокиран поради истрагата. Засега, полицијата нема објавено опис на осомничениот, ниту пак потврдила дали во пукањето учествувал повеќе од еден напаѓач. Мотивот за нападот е исто така непознат.

Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се објавени. Продавницата била полна со купувачи кога започнало пукањето, поради што преплашените луѓе почнале да бегаат за да си ги спасат животите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас!

На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември.

– На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој.

Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз.

– Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ.

Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности.

- Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер