Најскапото „Porsche“: Кој го купува, треба да чека една година

И покрај високата цена, „Porsche 911 S/T“ сè уште е баран автомобил, но дури и оние што ќе ја платат цената нема веднаш да станат сопственици.

Оние кои ќе платат 290.000 евра нема веднаш да можат да бидат сопственици на „Porsche 911 S/T“, а зошто е тоа така, објасни Фран Мозер, првиот човек на моделите „911“ и „718“.

Мозер ја оправдува ваквата одлука на брендот „Porsche“, со тоа што сакаат да спречат понатамошна препродажба на автомобили.

„Кога беше објавено „911 S/T“, одбележувајќи 60 години од „911“, видовме дека има невиден интерес за автомобилот, далеку над предвидениот број за САД“, изјави Мозер за „The Drive“.

„Сакаме да обезбедиме автомобилите да бидат достапни за вистинските ентузијасти да возат и да уживаат во наредните години. Поради оваа причина, оние на кои им е доделен „911 S/T“ во САД ќе мора да се придржуваат до договорениот минимален период на задржување, поставен на еден година“, додаде тој.

„Во пракса, тоа ќе значи дека автомобилите во САД првично ќе бидат изнајмени за тој период пред да се пренесе сопственоста“, заклучи Мозер.

Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена.

„Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците од нивните мрачни амбиции“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ нагласува дека „за да го реализираат нивниот монструозен план насилниците беа подготвени и за ликвидации.

„Токму нив, Гордана Силјановска Давкова планира да ги амнестира“, посочува во видеопораката Маричиќ.

Наспроти тоа, потенцира Маричиќ, „ние не дозволивме да бидат погазени слободата и демократијата и не дозволивме омразата и насилството да поттикнат братоубиствена и меѓуетничка војна. Со разум и присебност на мнозинството од пратениците, храбро спречивме безумието да заврши со трагични последици“.

„Додека партијата со автократско лице повторно се заканува да поведе нов режим, СДСМ ги презеде државничките чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии. Така, за само неколку години, во ова Собрание, од крвави сцени и обиди за ликвидации на избраниците на народот, стигнавме до гордо кревање на македонското знаме и знамето на НАТО“, истакнува Бојан Маричиќ по повод годишнината од крвавите настани на 27 април 2017 година во Собранието.

Маричиќ порача „нема откажување – продолжуваме одговорно“.

„Тука сме во заштита на прогресивните македонски граѓани кои својата иднина ја гледаат во земја со европска демократија и европска иднина. 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1

СДСМ

Партиите ги исцртуваат црвените линии за можно коалицирање

На само три дена по првиот круг од претседателските избори партиите веќе ги кројат можните комбинаторики за постиборно коалицирање. 

Митинзите станаа мегдан за јавни повици и пораки кој е добредојден, а кој не за евентуално коалицирање по изборите. Мицкоски преферира коалиција со ВРЕДИ, а откако претходно на обеднување ги повика и помалите опизициски партии, синоќа од Кавадарци порача дека правилото за колаицирање победник со победник повеќе не важи. ДУИ и ВРЕДИ пак не остапуваат од условите за промена на Уставот. А црвените линии за идно колицирање веќе ги исцрта и Димитреивски од ЗНАМ кој исклучува можност за коалиција со СДСМ или коалиција во која би партципирала и ДУИ. Ковачески пак синоќа од Центар порача дека десничарска партија на власт – ќе значи крај на европската перспектива на државата и на добрите меѓуетнички односи.

Анализирајќи ги досегашните изјави на политичките лидери и под услов изборните резултати од првиот круг од престедедателските се пресликаат и на парламентарните, според Благојче Атанасовски извесно е дека по 8-мај ќе има опозициона коалиција. Кој ќе биде дел од неа и дали преговорите ќе течат лесно, според него ќе зависи пред се од ставовите за уставните измени.

Иако сите партии ја отфрлаат можноста за бојкот на вториот круг од претседателските избори, Атанасовски не исклучува тивок или отворен бојкот од ДУИ со цел да се спасат од опозција. Доколку не се постигне цензузот од 40 проценти излезност во Вториот круг, Атанасовски предупедува дека земјава ќе влезе во уставно-правна политичка криза.

Во меѓувреме ДИК увои еден пригвоор за постапката за гласање во Липково, а до 19 часот ги очекува и евентуалните приговори за сумирање и утврдување на резултатите од првиот круг престедателски избори.

притисни ентер