Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаНајскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евраВо третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Од евидентираните 937 продажби од инвеститор во Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал, 845 се за станови, 89 за куќи, а две продажби на гаражи. Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите, односно продажбите од инвеститор (стан, куќа, деловен простор, гаража и др.), од третиот квартал со вториот квартал од годинава каде што се регистрирани 754 такви продажби се забележува раст за 183 проданени новоградби во третото тримесечие. Исто така, ако се направи споредба на продажбата на новоизградени станови во овој квартал со вториот квартал од 2025 година каде што се регистрирани 676 продажби на станови од страна на инвеститор, односно продажби на нови станови, тогаш се забележува раст во третиот квартал од 2025 година, и тоа за 169 продадени новоизградени станови. Доколку се разгледа купопродажбата на недвижностите по типови на купопродажба, може да се забележи дека најголемиот број купопродажби припаѓаат на купопродажби на станови, со 32 проценти. Во третиот во однос на вториот квартал од 2025 година има зголемување за 1 еден процент на купопродажбата на станови, односно во вториот квартал тие опфаќаат 31 процент од вкупниот број на купопродажби. Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, 275 станови, а Битола е со најмногу продадени куќи, 71. Од скопските општни во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош... Во Гостивар се продадени 11 станови, во Охрид 99, во Тетово 84, во Струмица 83,... Најмногу продажби на деловен простор има во општините Аеродром и Центар каде што се продадени по 22 вакви недвижности.Тагови: станбено прашање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и посвежоВремето денес ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 13. септември 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 13. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќе бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Шоу бизРасел Кроу привлекува внимание во Венеција, ослабнал 26 килограмиРасел Кроу се појави на 83-тиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција во петокот, привлекувајќи внимание со својата значително послаба фигура.Тој пристигна на црвениот тепих со својата партнерка, Бритни Терио, а парот присуствуваше на проекцијата на филмот „What Love Builds“ во салата „Дарсена“. За оваа пригода, Кроу (62) избра елегантен црн костум и бела кошула, а сивата коса ја зачешла наназад. Додека позираше за фотографите, ја држеше раката околу половината на својата партнерка. Бритни (42), неговата партнерка со која е во врска шест години, носеше црн фустан што ја следи линијата на телото и има длабоко деколте, а изгледот го надополни со црни чевли со високи потпетици и дијамантски накит. Откри колку килограми изгубил Кроу изгубил значителна тежина во текот на изминатата година. За време на неодамнешното гостување во подкастот „The Joe Rogan Experience“, тој откри дека ослабел 26 килограми. Исто така, сподели дека значително го намалил консумирањето алкохол, иако не се откажал целосно од него. По снимањето на филмот „Nuremberg“, како што рече, тежел 126 килограми. „Сега тежам 100,9 килограми“, откри тој. View this post on Instagram A post shared by Drew McIntyre (@dmcintyrewwe) Актерот неодамна објави фотографии од теретана на социјалните мрежи, а неговата физичка трансформација ги воодушеви многубројните обожаватели. Во коментарите, тие забележаа дека тој повторно изгледа како „Гладијатор“, алудирајќи на неговата култна улога како Максимус во филмот „Gladiator“ од 2000 година, која ја одбележа неговата кариера. Му помогна и здравствена програма. Актерот исто така спомена дека во тој период му помогнала програмата „Way2Well“. Како дел од програмата, тој прима инјекции кои, според него, помагаат да се ублажат последиците од стари повреди здобиени за време на физички напорни филмски улоги. „Не ја разбирам науката зад сето тоа, но чувствувам вистинска корист во рамената и колената. И инјекциите и инфузиите го смирија воспалението во моето тело“, рече Кроу. Во врска е со Бритни од 2020 година Кроу и Бритни Терио се заедно од ноември 2020 година; Тие за првпат се појавија заедно на црвениот тепих како пар во октомври 2022 година, на премиерата на неговиот филм „Poker Face“. Се запознале уште во 2013 година, на снимањето на трилерот „Broken City“. Терио е од Њу Орлеанс и претходно работела како актерка и навивачка. Кроу претходно беше во брак со Даниел Спенсер, со која ги има синовите Чарлс и Тенисон. Тие стапија во брак во 2003 година, се разделија во 2012 година, а нивниот развод беше официјално финализиран во 2018 година. Извор: Индекс.хрТагови: Расел Кроу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00